Скандали што докажуваат дека Шон Пен е најголемиот „лудак“ во Холивуд

Ја тепал Мадона додека беа во брак, има нападнато низа фотографи, а на сет не глумел кога имало сцени со тепање, туку вистински ги удирал колегите.

skandali-shto-dokazhuvaat-deka-shon-pen-e-najgolemiot-ludak-vo-holivud-01.jpg

Иако важи за еден од најдобрите актери во Холивуд, Шон Пен доста често привлекува внимание со контроверзното однесување.

Физичките пресметки не му се нешто непознато, често имал проблеми со алкохол, а многупати бил критикуван и за скандалозни изјави.

Скандалите на Шон Пен низ годините:

Бил насилен кон Мадона

Шон Пен и Мадона беа во брак од 1985 до 1989 година.

Пејачката прво поднесе барање за развод во 1987-ма, но го повлече, за повторно да поднесе во 1989-та.

Непосредно пред да се разделат, почна да се шпекулира дека Шон бил насилен кон неа – ја удрил со бејзбол палка, а еднаш и ја држел врзана со часови.

Сепак, Мадона го бранеше актерот.

„Иако имавме повеќе од една жестока расправија додека бевме во брак, Шон никогаш не ме удрил, не ме ’врзал‘, ниту физички ме нападнал“.

skandali-shto-dokazhuvaat-deka-shon-pen-e-najgolemiot-ludak-vo-holivud.JPG

Во интервју од 2024-та, и Шон Пен ги негираше ваквите обвиненија, а го сподели и моментот кога во неговата куќа дојде полиција наводно бидејќи ја нападнал Мадона.

„Дома ми дојдоа специјалци! Им реков дека не излегувам и прво ќе си го довршам појадокот. Но, тие ги скршија прозорците и влегоа внатре“.

Сепак, некои од полицајците кои биле во домот имаат изјавено дека Мадона била нападната:

„Едвај ја познав. Плачеше, имаше крв на устата и беше очигледно дека ја удрил“.

По разводот Шон и Мадона го подобрија односот.

skandali-shto-dokazhuvaat-deka-shon-pen-e-najgolemiot-ludak-vo-holivud-06.JPG

Нападна текстописец

Додека беше во брак со Мадона, Шон Пен беше обвинет за напад на текстописецот Дејвид Волински.

Тие биле во ноќен клуб во Лос Анџелес кога Шон почнал да го обвинува дека пробал да ја бакне Мадона, по што го нападнал.

Актерот негираше вина, но сепак доби 1-годишна условна казна.

skandali-shto-dokazhuvaat-deka-shon-pen-e-najgolemiot-ludak-vo-holivud-07.JPG

Се степа со статист

Повторно во 1980-тите, Шон Пен заврши во притвор откако му удрил бокс на статист на филмски сет.

Ова се случи во период кога Шон имаше условна казна, па доби 60 дена во затвор.

Сепак, беше ослободен по 33 дена.

skandali-shto-dokazhuvaat-deka-shon-pen-e-najgolemiot-ludak-vo-holivud-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Вели дека е екстремист, се фали дека ги воспитува децата со тепање: Се сеќавате на Алфалфа од The Li... Актерот Баг Хол најпознат по улогата на слаткиот Алфалфа денес има сосема поразл...
Имал афери со мажи, добил 11 деца од неколку жени: Бурниот љубовен живот на Марлон Брандо Марлон Брандо се венчал трипати, а додека бил во брак, секогаш имал и љубовници....
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...

Најчитани неделава