Скандали што докажуваат дека Шон Пен е најголемиот „лудак“ во Холивуд
Тепачка со фотограф
Во 2009 година, Шон Пен го нападна фотографот Франк Мателјан, а инцидентот е овековечен и на неколку фотографии.
На фотките се гледа како актерот, со кеси во рацете, пробува да му удри клоца.
Следната година, Шон беше на суд за инцидентот каде му беше наредено да оди на терапија за справување со гневот, а доби и 300 часа општокорисна работа.
Удри актер на филмски сет
На снимањето на Casualties of War, Шон Пен бил толку насилен со еден од колегите, што тој помислувал да даде отказ.
Џон Легуизамо изјави дека актерот неколкупати го удрил додека го снимале филмот во 1989-та:
„Кога мојот лик одбиваше нешто, ликот на Шон требаше да му удри шлаканица. Но, Шон не сака да ги глуми тепачките, па навистина ми удри шлаканица.
Ја повторивме сцената 13 пати, лицето веќе ми беше црвено, помислував да си заминам. И, на крај, ја тргнаа сцената од филмот“.
Нападна обожавател кој сакаше да се фотографира со него
И славните се само луѓе, па не може секогаш да бидат расположени за фотки и разговор со фанови.
Додека повеќето културно ги одбиваат обожавателите, Шон Пен некогаш дозволува гневот да го надвладее.
Во една ваква ситуација од пред 10-тина години, Шон Пен му се закануваше на обожавател кој сакал да го фотографира.
Од инцидентот има и снимка.
Уринирал во ресторан, пред други луѓе
Во колумна за Rolling Stone, новинарот Крис Манди опишува бизарна ситуација на која сведочел самиот.
„Нема поделикатен начин да го кажам ова, па ќе бидам директен: Шон уринираше во празно шише од вино, во близина на мала маса каде седеа некои од најголемите холивудски ѕвезди и го гледаа“.
Според новинарот, Шон побарал и второ шише.
Спирова С. | Црнобело