Бруклин Бекам на старо видео ја влече Никола Пелц за да се слика со Бекамови: „Таа е гневна, пробува да не заплаче“
Потоа фризерот се огласи и на Инстаграм Стори:
„Кога видов дека Никола и Бруклин ќе се венчаат, си помислив дека ова нема да биде добро за семејството Бекам.
Не се чувствувам лошо што го кажувам ова. Кога некој не е добра личност, тоа излегува на виделина. Не можете да го криете“.
Во својата објава, Бруклин вели дека на неговите родители најважен им е брендот Бекам и тоа да се претстават како совршено семејство пред очите на јавноста.
Пред конфликтот да ескалира, Бруклин и Никола постојано ги поддржуваа Бекамови на модни ревии, премиери и слично, а тоа го истакнува и Бруклин.
Па, вирално почна да се споделува видео од пред неколку години, на кое изгледа како Никола да е присилена да позира со саканиот и неговите родители.
Видеото е снимено на премиерата на Нетфликс документарецот на Бекамови во 2023 година.
Дејвид и Викторија позираат, а се гледа како Бруклин пробува да ја натера и Никола да застане со нив.
За време на целото позирање, Никола изгледа гневно, а јасно е дека Бруклин се чувствува многу непријатно.
@thesun The tense moment Brooklyn Beckham was forced to pull his fuming wife Nicola Peltz into a family snap is doing the rounds following his bombshell statement. Read the full story above. #BrooklynBeckham #VictoriaBeckham #NicolaPeltz
♬ original sound - The Sun
На фотографии од настанот се гледа дека на премиерата присуствувало целот семејство на Бекамови.
Мислењето на јавноста е поделено во врска со конфликтот, но многумина сметаат дека видеото е доказ дека сигурно има вистина во зборовите на Бруклин:
„Според говорот на телото на Никола, воопшто не се чувствува пријатно со Дејвид и Викторија, па целосно му верувам на син им“.
„Викторија не сака ни да се помрдне. Кое непочитување“.
„Мислам дека Никола не е гневна, туку пробува да не заплаче. Сирота девојка“.
„Според говорот на телото на Викторија, дефинитивно му верувам на Бруклин“.
Засега Бруклин и Никола немаат споделено ништо друго за конфликтот, а уште молчат и Дејвид и Викторија.
Прочитајте и: „Викторија му се доближи до вратот, изгледаа како пар, а не мајка и син“: Што се случило на свадбата на Бруклин (и кој ја има снимката од танцот)?
Спирова С. | Црнобело
