Блејк Лајвли ја споредуваат со демон, Џастин Балдони бил „морон“: Нови детали за холивудската драма
- Детали
- среда, 28 јануари 2026
„Балдони зборуваше за сексуалните врски со жени. Кажуваше дека присилувал жени на секс. Мене ми беше чудно што некој зборува така“, сподели приватниот возач на Блејк Лајвли. Се појавија и пораки во кои „се оцрнети“ и Блејк, и режисерот Џастин Балдони.

Драмата помеѓу Блејк Лајвли и режисерот Џастин Балдони е далеку од завршена, а додека се чека судењето, во јавност беа споделени пораки кои се дел од целиот случај.
Целиот конфликт започна поради наводно несоодветното однесување на Џастин Балдони за време на снимањето It Ends With Us, а Блејк го обвинуваше и за сексуално вознемирување.
Потоа почна да се става фокус и на промоцијата на филмот каде се истакнале разликите во мислењата на Џастин и Блејк.
Додека траеше промоцијата, голем дел од јавноста забележа дека Блејк си ги рекламираше нејзините продукти за коса, наместо да се фокусира на сериозната тема што ја обработува филмот – семејно насилство.
Во јавност се појавија пораки помеѓу публицистот на Џастин Балдони и актерката Џамила Џамил кои ја опишуваат Блејк како „злобна“, а дури ја нарекуваат и „демон“.
Тие зборуваат и дека навистина ја мразат и презираат, како и дека со ваквото однесување, јасно е дека нејзината кариера е готова.
Се појавија и пораки помеѓу Блејк и Тејлор Свифт кои се оддалечија кога започна целата драма. Тејлор ѝ се жали на Блејк дека меѓу нив се создала дистанца, на што актерката ѝ се извинува.
Блејк вели и дека се плашела дека пораките што си ги пишуваат ќе протечат во јавност, додека Тејлор го навредува Џастин Балдони.
Според извор близок до Тејлор, јавното објавување на пораките ја прелило чашата за пејачката.
„Искрено, навистина ѝ е тешко. Не ѝ се допаѓа што нешто приватно, повеќе не е нејзино. Воопшто не ѝ се допаѓа целата ситуација“.
Не е познато дали Блејк и Тејлор воопшто го подобриле односот.
Во целата драма со пораките беше вовлечен и Џони Деп, но индиректно.
Во пораки со неговиот талент менаџер, Рајан Рејнолдс го споредува случајот на Блејк со оној на Џони Деп, односно неговото судењето со бившата Амбер Херд.
И Рајан и талент менаџерот потоа го навредуваат Џастин Балдони.
Се појавија мејлови и од продуцент од Sony Pictures Entertainment кој вели дека Џастин Балдони алудира на силување за време на интервју за промоција на филмот.
Според мејлот, овој дел од интервјуто бил исечен и не бил емитуван, но продуцентот истакнува дека „Џастин Балдони е морон“ како и дека „веќе не треба да дава интервјуа“.
Во меѓувреме, се огласи личниот возач на Блејк Лајвли кој сподели дека имал вознемирувачки разговор со Џастин Балдони.
„Балдони зборуваше за сексуалните врски со жени. Кажуваше дека присилувал жени на секс. Мене ми беше чудно што некој зборува така“.