Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс „глумат вљубени птички“ по гласините за криза во бракот – тој ја носи на грб, таа го држи за задник
- Детали
- петок, 12 јуни 2026
„Колку исценирано, глумат дека се забавни, сами викнале папараци...“ - Блејк и Рајан добија куп критики, откако беа објавени фотки на кои се трудат да изгледаат вљубено и безгрижно низ Њујорк, среде скандалите, гласините дека се пред развод и дека се отфрлени од списокот со гости за свадбата на Тејлор Свифт.

Животот на Блејк Лајвли се промени многу откако започна драмата со судењата со Џастин Балдони, режисерот кој го обвини за сексуално малтретирање.
Многу тужби ѝ беа отфрлени, многу детали и непознати страни за неа беа откриени, а дури изгуби и пријатели, меѓу кои и Тејлор Свифт, со која беше преблиска пред да избие скандалот, иако јавно ниту една страна не го потврдила тоа.

Оттогаш, Блејк и нејзиниот сопруг Рајан, на повеќе начини се обидуваат да си ја вратат репутацијата, иако постојано се шират гласини дека се во криза и пред развод.
Сега тие повторно беа забележани во Њујорк на љубовен состанок, а додека шетаа низ Менхетн, се потрудија да изгледаат како вљубени птички и безгрижни за сите шпекулации кои кружат во медиумите.

Последно, се зборува дека тие нема да бидат на листата со гости за свадбата на Тејлор Свифт, која ќе се случи во јули, а со оглед на тоа што ќе биде на локација каде собира илјадници и каде ќе бидат поканети речиси сите кои ги познаваат, за многумина тоа ќе биде потврда за нивниот нарушен однос.
Откако се појавија во јавност фотките на кои тие уживаат во прошетката низ Њујорк, многумина почнаа да ги критикуваат дека е исценирана.

„Оваа прошетка е напишана и режирана од Блејк, нели?“
„Јасно е дека сами ги викнале папараците“.

„Ова е премногу исценирано“.
„Само си шетаме низ Њујорк, глумиме забавни и пријателски настроени. Ова во ниту еден случај не беше намерно во обид да ја свртиме јавната перцепција за нас...“
Уште неколку фотки:





M. M. | Црнобело