Блејк Лајвли ја споредуваат со демон, Џастин Балдони бил „морон“: Нови детали за холивудската драма
Возачот додава дека пробувал да се фокусира на возењето и да не му обрнува многу внимание на режисерот, но тој инсистирал да го продолжи разговорот.
„Кога стигнавме до неговата канцеларија, ѝ реков на Блејк ’Се чувствувам многу непријатно. Нешто не е во ред. Некој треба да го провери‘“.
Возачот вели дека тогаш не знаел дека Балдони е всушност режисерот на филмот кој уште се снимал.
Рајан Рејнолдс немаше никаква врска со филот It Ends With Us, но сега и тој е вплеткан во судската битка.
Некои дури мислат и дека му љубоморел на Џастин бидејќи Блејк многу се зближила со него, па затоа решил да се вмеша во целата драма.
Впрочем, се шпекулира и дека Џастин и Блејк можеби имале и афера која не завршила добро. Па, сега актерката пробувала да си ги спаси бракот и репутацијата со лажни обвиненија и судење.
Откако протекоа пораките во кои Рајан Рејнолдс го навредува Џастин Балдони, се огласи портпаролот на актерот.
На некој начин, ова е првпат Рајан да се огласи за целата ситуација.
„Да, Рајан се вмеша – кој сопруг не би ја поддржувал сопругата и мајката на неговите деца?
Тој гледаше како неговата сопруга секојдневно се бореше да му се спротивстави на сексуалното вознемирување на достоинствен начин, за на крај да се соочи со навреди.
Ако ништо друго, Рајан смета дека не реагирал доволно гневно. Тој верува и ќе се бори за основното право на безбедност на работното место за неговата сопруга, и сите останати“.
Иако многумина сметаат дека и Џастин Балдони е донекаде виновен, поголемиот дел од јавноста воопшто не ја зазема страната Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс.
Во меѓувреме, се чини дека Џастин Балдони не е премногу загрижен за развојот на настаните – неодамна го прослави 42-иот роденден на Костарика, во друштво на сопругата и нивните две деца.
Спирова С. | Црнобело