Татко му извршил самоубиство, страдаше од депресија и зависност: Тажни детали од животот на Ерик Дејн

Страдал и од депресија

Ерик Дејн ја имаше главната улога во серијата The Last Ship.

Во 2017-та, пред почетокот на четвртата сезона, продукциската куќа која стоеше зад серијата сподели дека ќе ја одложат премиерата.

Самиот Ерик Дејн го побарал ова, поради лични проблеми.

„Ерик побара пауза поради лични проблеми. Страда од депресија и побара неколку недели одмор и продуцентите со задоволство му го исполнија барањето. Се надева дека ќе се врати (во серијата)“.

tatko-mu-izvrshil-samoubistvo-stradashe-od-depresija-i-zavisnost-tazhni-detali-od-zhivotot-na-erik-dejn-08.JPG

Околу три месеци подоцна актерот и самиот зборуваше за битката со депресија.

„Ми беше чудно. Имав конфликт самит со себе бидејќи сметав дека нема причина да бидам во депресија. Одев на лекари мислејќи дека имам некаков физички проблем бидејќи никогаш претходно не сум се чувствувал вака“.

Актерот сфатил дека низ животот многупати чувствувал симптоми на депресија, но ги игнорирал и научил да живее со нив.

Сепак, овој пат депресијата била многу поизразена.

„Најстрашното е кога ќе се разбудите и си помислувате дека не сакате да станете од кревет. Морав да најдам малку време за себе и да се погрижам за мојата состојба“.

На актерот му биле препишани антидепресиви, одел и на терапија, па по некое време состојбата значително му се подобрила.

tatko-mu-izvrshil-samoubistvo-stradashe-od-depresija-i-zavisnost-tazhni-detali-od-zhivotot-na-erik-dejn-02.JPG

Татко му извршил самоубиство

Ерик Дејн имал само седум години кога татко му извршил самоубиство.

Се застрелал со пиштол, но некои членови на неговото семејство одбивале да прифатат дека е самоубиство.

„Почина од прострелна рана. Баба ми мисли дека е несреќен случај. Сите имаат различно мислење за трагедијата“, сподели актерот во 2014-та.

Тој почнал да ја гледа трагедијата од нова перспектива кога самиот станал татко.

tatko-mu-izvrshil-samoubistvo-stradashe-od-depresija-i-zavisnost-tazhni-detali-od-zhivotot-na-erik-dejn-09.JPG

„Гледам како се однесува ќерка ми на четири годишна возраст и си мислам ’Боже, па ова би било ужасно за седумгодишно дете‘“.

Актерот многу добро го помнел и денот кога починал татко му – мајка му го разбудила во пет наутро и го замолила да не плаче. Откако ѝ ветил дека ќе биде храбар, му кажала дека татко му е мртов.

По дијагнозата со амиотрофична латерална склероза, Ерик сподели дека се плаши дека сега и неговите деца ќе останат без татко на рана возраст.

„Сакав да експлодирам кога мајка ми ми кажа дека татко ми е мртов, но се воздржав. Го изгубив татко ми кога бев млад. И, сега има голема шанса моите девојчиња да ме изгубат мене додека се многу млади“.

tatko-mu-izvrshil-samoubistvo-stradashe-od-depresija-i-zavisnost-tazhni-detali-od-zhivotot-na-erik-dejn-06.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Зошто ѕвездите како Ерик Дејн остануваат без пари? Кампањата за донации за ќерките на Ерик Дејн се соочи со критики од јавноста бид...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg