Ди Каприо тажен бидејќи изгуби, расистички навреди за Мајкл Б. Џордан: Како помина доделувањето на BAFTA 2026?
- Детали
- понеделник, 23 февруари 2026
Принцот Вилијам спомна дека не се чувствувал смирено, веројатно поради апсењето на чичко му Ендру. Актерот Мајкл Б. Џордан, пак, се соочи со расистичка навреда од личност со Туретов синдром, а Леонардо ди Каприо тажно гледаше кон сцената кога сфати дека и годинава нема да си оди со статуетка.

Синоќа (22.02) се одржа 79-тото доделување на Филмските награди на британската академија (British Academy Film Awards) попознати како BAFTA.
Презентирани од Британската академија за филмски и ТВ уметности, настанот им оддава почит на филмовите и документарците од целиот свет кои биле прикажувани низ кината во Британија.
BAFTA наградите се меѓу најпрестижните филмски настани и многумина ги гледаат и како предвесник на Оскарите.
На синоќешното доделување најголем победник беше One Battle After Another со шест освоени статуетки, за најдобра актерка беше прогласена Џеси Бакли, додека наградата за најдобар актер му припадна на Роберт Арамајо.
Покрај самото доделување на наградите, настанот го одбележаа и низа забавни, но и по малку непријатни моменти.
Дел од нив во продолжение:
Емотивната прегратка на Роберт Армајо и татко му
Роберт Арамајо ја освои статуетката за најдобар актер во главна улога, за изведбата во филмот I Swear.
И, успеа да ги победи Леонардо ди Карпио и Тимоти Шаламе.
Кога, пак, беше прогласен за победник, можеби уште порадосен беше неговиот татко кој буквално скокна од столчето и го прегрна актерот.
Водителот ја збуни Кајли Џенер
Церемонијата ја водеше актерот и режисер Алан Каминг кој направи неколку британски шеги кои странците, вклучувајќи не и нас, не би ги сфатиле.
Во еден миг, на гостите во публиката почна да им дели британски бисквити со цел да ги збуни Американците и оние кои не се од Британија.
Кајли Џенер делуваше најзбунета, па водителот на шега рече дека сигурно не видела таков десерт во маркетите во САД.