Ди Каприо тажен бидејќи изгуби, расистички навреди за Мајкл Б. Џордан: Како помина доделувањето на BAFTA 2026?

Лице со Туретов синдром неволно кажа расистичка навреда

Филмот I Swear e инспириран од животот на активистот Џон Дејвидсон кој има Туретов синдром.

Лицата кои имаат Туретов синдром прават неволни тикови, неволно испуштаат звуци, а некогаш и неволно кажуваат навредливи зборови и пцости.

На настанот присуствуваше Џон Дејвидсон кој поради синдромот кажа неколку пцости, како и расистичка навреда насочена кон Мајкл Б. Џордан и Делрој Линдо.

Водителот ја искористи можноста за да ја зголеми свесноста за Туретов синдром и ѝ се заблагодари на публиката за разбирањето.

„Можеби слушнавте навредливи зборови вечерва, но ако сте го изгледале филмот I Swear, тој го покажува искуството на личност со Туретов синдром…

Личноста која има Туретов синдром нема контрола над она што го зборува и се извинуваме ако некој беше навреден“.

di-karpio-tazhen-bidejkji-izgubi-rasistichki-navredi-na-majkl-dzh-dzhordan-kako-pomina-dodeluvanjeto-na-bafta-2026-03.JPG

Ѕвездите од KPop Demon Hunters имаа одличен настап

KPop Demon Hunters е меѓу најуспешните филмови на Нетфликс, па иако не беше номиниран во ниту една категорија, групата Huntr/x го изведе својот популарен хит Golden.

И, беше еден од најзабавните моменти на настанот.

di-karpio-tazhen-bidejkji-izgubi-rasistichki-navredi-na-majkl-dzh-dzhordan-kako-pomina-dodeluvanjeto-na-bafta-2026-02.JPG

Пол Мескал беше „искаран“ бидејќи го користеше телефонот

Ирскиот актер Пол Мескал беше фатен како скрола на телефонот, а водителот Алан го искористи моментот за да се пошегува со него.

„Следната награда е за најдобар британски филм, во чест на Александар Корда. Пол, Пол… на телефонот е“, му рече водителот.

Во тој миг Пол погледна кон водителот збунето и потоа срамежливо си го покри лицето.

di-karpio-tazhen-bidejkji-izgubi-rasistichki-navredi-na-majkl-dzh-dzhordan-kako-pomina-dodeluvanjeto-na-bafta-2026-10_copy.JPG

Принцот Вилијам сподели дека е нервозен среде драмата со апсењето на чичко му Ендру

Минатата недела, принцот Ендру, братот на кралот Чарлс, беше уапсен поради неговата поврзаност со педофилот Џефри Епстин.

На синоќешната церемонија присуствуваа принцот Вилијам и Кејт Мидлтон.

На црвениот тепих, принцот беше прашан дали го изгледал филмот Hamnet. Тој одговори:

„Морам да бидам во смирена состојба за да го изгледам, а моментално не сум“.

Иако не го спомна чичко му, Вилијам изгледаш напнато, а британските медиуми ја поврзуваат неговата изјава со апсењето на Ендру.

di-karpio-tazhen-bidejkji-izgubi-rasistichki-navredi-na-majkl-dzh-dzhordan-kako-pomina-dodeluvanjeto-na-bafta-2026-11.JPG

Тажната реакција на Леонардо откако изгуби

Леонардо ди Каприо е актер со најмногу номинации за BAFTA – дури седум – но има победено само еднаш, во 2016-та за улогата во The Revenant.

Тој беше номиниран и годинава, но статуетката му ја „украде“ Робер Арамајо.

Кога беше прогласен победникот, актерот само тажно гледаше кон сцената и позираше со палецот нагоре.

Погледнете и: Највпечатливите парови на BAFTA 2026 – Вилијам и Кејт тензични, Кајли Џенер вљубена

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...
Џони Деп за детството со сурoва мајка: „Ме маваше со чевли, со стапови, но пострашна беше психолошка... „Ме удираше со стап, со чевли, со пепелник, со телефон. Што и да е. Но, ѝ се заб...
Виралните и најсмешните моменти на Леонардо ди Каприо на Златни глобуси (кои го претворија во меме) Смешните реакции и гестикулации од годинава, но и моментот кога се исплаши од Ле...
Имаат 4 деца, син им го победи ракот: Љубовта на „младата бунтовничка“ и Мајкл Бубле трае 15 години По 15 години и четири деца, Мајкл Бубле и Луисана Лопилато го имаат едниот од на...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...

Најчитани неделава