Раскошниот живот на Бруклин и Никола Пелц: Одмори со приватни авиони, вина кои чинат колку еден стан
- Детали
- недела, 01 март 2026
Бруклин и Никола не глумат скромност и редовно се фалат со раскошниот живот – од скапи одмори на суперјахта, до луксузни автомобили и вина.

Бруклин потекнува од богато семејство, но богатството на Бекамови не се ни споредува со она на Никола Пелц, односно нејзините родители.
Иако Бруклин прекина секаков контакт со семејството и наводно веќе не добива финансиска поддршка од нив, благодарение на таткото на Никола и неговите 1,6 милијарди, живее во раскош за кој повеќето може само да сонуваат.
Татко на Никола, Нелсон Пелц, сакал да ја разгалува ќерка си, па дури ѝ давал и месечен џепарлак од еден милион долари.
Сега, ни Бруклин ни Никола не пробуваат да покажат скромност, па на Инстаграм и самите редовно се фалат со луксузниот живот.
На што сака да троши младиот пар?
Скапи часовници
Иако Бруклин не разговара со родителите, неодамна беше фотографиран со часовник од 250.000 долари што го доби од Дејвид како подарок за 21-иот роденден.
Во интервју од 2023-та, пак, самиот се пофали дека има колекција од дури 10 луксузни часовници, вклучувајќи Rolex кој чини над 10.000 долари и Cartier Panthère кој се проценува на околу 30.000 долари.
Веројатно и Никола има завидна колекција бидејќи неколкупати е фотографирана како истовремено носи дури два часовника од марката Cartier Panthère.
Луксузни автомобили
Како свадбен подарок од родителите, Бруклин Бекам доби автомобил од марката Jaguar кој чини околу половина милиони долари.
Во меѓувреме, тој си има купено уште неколку скапи автомобили од брендови како Mercedes и BMW.
Бруклин поседува и автомобил од марката McLaren P1 кој се проценува на повеќе од 1,5 милиони долари.
Ретки вина
Бруклин и Никола редовно објавуваат фотки од скапите ручеци во ресторани кои секогаш се придружени со скапо вино.
Притоа, Бруклин и самиот има колекција скапи вина, од кои дел чинат над 1.000 долари.
Можеби најскапото вино што го имаат покажано на Инстаграм чини дури 75.000 долари шише.
Одмори со јахти и приватни авиони
Бруклин и Никола редовно одат на одмори со јахти и приватни авиони.
Минатата година поминаа неколку денови на суперјахтата на семејството на Никола, а честопати ги користат и нивните приватни авиони за луксузни патувања низ целиот свет.
Раскошен дом
Бруклин и Никола имаат живеено на неколку дестинации, а сега нивниот дом е раскошна куќа на Беверли Хилс.
Куќата вреди над 12 милиони долари, а нивни соседи се ѕвезди како Елтон Џон, Вера Ванг, Џастин и Хејли Бибер…
Спирова С. | Црнобело
