Бруклин и сопругата пијат вино од 17.000 $, по гласините дека Никола Пелц добива џепарлак од 1 милион месечно
- Детали
- четврток, 29 јануари 2026
Покрај она што го кажа Бруклин, некои извори велат дека конфликтот меѓу неговото и семејството на Никола бил и поради пари. Таткото на Никола сметал дека Бекамови му даваат малку пари на Бруклин, додека тој ѝ давал џепарлак од 1 милион долари месечно. Во меѓувреме, Никола и Бруклин не го кријат раскошот во којшто уживаат.

Веќе е добро познат факт дека таткото на Никола Пелц е милијардер, а се претпоставува дека му дава пари и на Бруклин Бекам, откако тој прекина секаков контакт со неговите родители.
И претходно извори блиски до семејството Пелц имаат откриено дека Нелсон, татко ѝ на Никола, ја разгалувал уште од мала и не сакал да ѝ недостасува ништо во животот.
Сега, пак, се зборува дека ѝ давал џепарлак од еден милион долари месечно.
И Дејвид и Викторија му даваа финансиска поддршка на Бруклин, но нивните 600 милиони долари дефинитивно не можат да се мерат со богатството на Нелсон Пелц кое се проценува на повеќе од 1,6 милијарди.
Се зборуваше и дека дел од конфликтот било мислењето на Нелсон дека Бекамови му даваат премалку пари на Бруклин.
„Според она што го имам слушнато, Бекамови му даваат на Бруклин многу пари, но некоја преголема сума. Тие се надеваат дека тој сам ќе застане на нозе и ќе стане независен.
Можеби Нелсон Пелц ќе го негира ова, но им рекол на Бекамови ’Јас ѝ давам на ќерка ми по еден милион долари месечно‘“, сподели британската новинарка Марина Хајд во поткаст.
Таа додава и дека Бекамови отсекогаш мислеле дека нивните деца нема да треба да потпишуваат предбрачен договор. Односно, дека тие ќе имаат повеќе пари од нивните брачни партнери.
Сепак, во овој случај, Бруклин е тој кој морал да се согласи на предбрачен договор.
Пред Бруклин да открие зошто го заладил односот со родителите, некои извори тврдеа дека парите имаат голем удел.
„Парите, како што гласи изреката, се извор на целото зло. Несомнено, во случајот на Бекамови и Пелц се покажале како проблем.
Дејвид и Викторија се деца од работничко семејство кои добро се снашле во животот. Кога дојде ред да се купува куќа, секако дека немаше да му дадат на син им милиони фунти – каква порака би испратиле со тоа?“
Од друга страна, Нелсон без двоумење потроши над 3,5 милиони долари за свадбата на Никола и Бруклин.
Што се однесува до Никола и Бруклин, јасно е дека не кријат дека уживаат во раскош каков повеќето можат само да сонуваат.
Вчера (28.01) Бруклин сподели неколку фотки со Никола – некои од ресторан, некои од нив двајцата.
Фотките се направени во ресторанот на луксузен хотел во Калифорнија, а на една од нив се гледа дека парот уживал во едно од најскапите вина во светот кое чини над 17.000 долари од шише.
Некои вина од овој бренд се продавале и по цена поголема од 70.000 долари.
Во хотелот кај што отседнувале, пак, една ноќ чинела и повеќе од 2.600 долари.
