„Бекамови се плашат дека ќе остане без пари ако сопругата го остави“: Каков е строгиот предбрачен договор на Бруклин и Никола?
- Детали
- четврток, 22 јануари 2026
Таткото на Никола „тежи“ повеќе од една милијарда долари, но ова не значи дека иднината на зет му Бруклин е обезбедена. Имено, Бруклин и Никола потпишале мошне строг предбрачен договор, па Бекамови стравувале дека ќе остане без ништо ако се разделат. Се проценува дека Бруклин ќе губи и повеќе од 1 милион годишно бидејќи се откажува од брендот на Бекамови.

Бруклин Бекам успева самиот да заработи нешто, а факт е и дека неговото презиме го поврзува со брендот на познатите родители, што му носи дополнителни приходи.
Не е познато дали моментално Бруклин воопшто добива пари од родителите, но јасно е дека има некаква заработка преку брендот на неговото презиме.
Сепак, сега штом го залади односот со родителите, сосема возможно е да ги изгуби овие приходи.
Неговите родители, пак, стравувале дека ќе остане без ништо поради предбрачниот договор што го потпишал со Никола.
„Бруклин зборуваше за недостатоците од тоа што го носи презимето Бекам, но не може да се занемари дека самиот никогаш не ги одбивал можностите што му ги донесе тоа презиме.
Бруклин има заработувано и независно. Моментално неговото богатство се проценува на околу 7,5 милиони долари, пари заработени главно преку социјалните мрежи и договори, но ништо од ова не би било возможно без презимето Бекам.
Исто така, мала е веројатноста дека без тоа презиме некогаш би ја сретнал Никола Пелц која е ќерка на милијардер, а самата има богатство од околу 50 милиони“, вели извор за The Sun.
Изворот истакнува дека сега, кога Бруклин не е дел oд семејството Бекам, кога некој бренд ќе сака да соработува со семејството, него воопшто нема да го земе предвид.
„Реалистично, Бруклин би можел да загуби од еден до два милиона годишно од потенцијалната заработка. Во текот на една деценија, тоа може да се претвори во 10 до 20 милиони евра кои нема да ги заработи.
Ќе биде присилен повеќе да се фокусира на договори како инфлуенсер, а неговиот бизнис за лут сос ќе треба да опстане сам“.
Се шпекулира дека Бруклин добива огромна финансиска поддршка од таткото на Никола, милијардерот Нелсон Пелц.
Сепак, во случај да се разделат во Никола, Бруклин би можел да остане без ништо, а наводно токму ова ги плашело Дејвид и Викторија.
Богатството на Нелсон изнесува околу 1,2 милијарди долари, додека Дејвид и Викторија имаат околу 350 милиони.
Па, нормално е Нелсон да сака да си ги заштити парите.
Погледнете и: Бруклин Бекам на старо видео ја влече Никола Пелц за да се слика со Бекамови: „Таа е гневна, пробува да не заплаче“
Наводно, во предбрачниот договор на Никола и Бруклин е наведено дека доколу се разведат, Бруклин ќе добие само половина од она што го заработиле заедно.
Односно, нема да добие никаква финансиска помош од Никола или нејзиниот татко.
„Бекамови се плашат дека е целосно апсорбиран од семејството Пелц, а се изолира од сите останати.
Ако се разделат, Бруклин ќе биде целосно изолиран и без пари“, вели извор близок до Бекамови.
Сепак, блиските на Бруклин тврдат дека ова не е воопшто релевантно бидејќи неговата врска со Никола била „посилна од кога било“.
Прочитајте и: Дедо милијардер, баба модел: Што знаеме за „новото семејство“ на Бруклин Бекам?
Спирова С. | Црнобело
