Дедо милијардер, баба модел: Што знаеме за „новото семејство“ на Бруклин Бекам?

Откако го влоши односот со Дејви и Викторија, родителите на Никола Пелц како да станаа новото семејство на Бруклин. Тој ги поминува празниците со нив, а се претпоставува дека добива и огромна финансиска помош од таткото на Никола кој е милијардер.

tatko-milijarder-majka-model-shto-znaeme-za-novoto-semejstvo-na-bruklin-bekam01.jpg

Изгледа дека Бруклин Бекам никогаш нема да го подобри односот со неговите родители.

Но, затоа, пак, како да има ново семејство – родителите, но и браќата и сестрата на неговата сопруга Никола Пелц.

Што знаеме за неговото „ново семејство“?

Нелсон Пелц – таткото на Никола

Роден во 1940-тите во Њујорк, Нелсон е таткото милијардер на Никола.

Се отпишал од факултет за да стане инструктор по скијање, пред да почне да работи во фирмата на дедо му – A. Peltz & Sons.

Дедо му имал бизнис за дистрибуција на храна, а Нелсон, заедно со неговиот брат, успеал да го претвори во компанија со профит од над 100 милиони долари.

Потоа, Нелсон и брат му купиле поглем дел од акциите во друг бизнис кој го трансформирале во една од најголемите компании за пакување храна.

На сличен начин Нелсон разработил и за други бизниси и денес неговото богатство се проценува на 1,6 милијарди долари.

tatko-milijarder-majka-model-shto-znaeme-za-novoto-semejstvo-na-bruklin-bekam-02.JPG

Клаудија Хефнер Пелц – мајката на Никола

Клаудија е родена во Балтимор, а потекнува од релативно скромно семејство.

Во 1970-тите почнала да работи како модел и откако успеала да се пробие, соработувала со магазини како Vogue и Harper’s Bazaar, но и со брендови како Calvin Klein и Chanel.

Во 1985 година се венчала со Нелсон, по што се откажала од кариерата како модел и се посветила на филантропијата.

Со сопругот имаат основано добротворна организација преку која нудат поддршка за образованието, здравството и развојот на младите.

Истовремено, Клаудија целосно се посветила и на семејството.

tatko-milijarder-majka-model-shto-znaeme-za-novoto-semejstvo-na-bruklin-bekam-3.JPG

Седумте браќа и сестри на Никола

Династијата Пелц има дури осум деца. Покрај Никола, нејзините родители ги имаат добиено Метју, Вил, Бред, Британи, Дизел, Закари и Грегори.

Нелсон има и две деца од првата сопруга со која бил во брак од 1964 до 1981 година.

Тројца браќа на Никола се хокеј играчи, сестра ѝ Британи е дизајнерка на ентериер, додека едниот брат работи во технолошката индустрија, а другиот во една од компаниите на татко ѝ.

Никола има и брат кој пробува да се пробие како актер, исто како неа.

tatko-milijarder-majka-model-shto-znaeme-za-novoto-semejstvo-na-bruklin-bekam-04.JPG

Бруклин Бекам – новиот член на семејството

Веднаш по венчавката, семејството на Никола јасно покажа дека Бруклин е добредојден како нов член.

Откако тој го влоши односот со Дејвид и Викторија, родителите на Никола како да ја презедоа целата грижа за него.

Сега, наместо со своите родители, Бруклин ги слави најважните празници со Никола и нејзиното семејство.

Во август 2025-та, пак, таткото на Никола ја водеше и церемонијата за нивото обновување на заветите.

Бруклин не е близок само со родители на Никола – честопати е забележуван и со нејзините браќа и сестра.

tatko-milijarder-majka-model-shto-znaeme-za-novoto-semejstvo-na-bruklin-bekam-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Бруклин Бекам им го скрши срцето на Викторија и Дејвид – им кажал дека не сака никаков контакт со ни... Драмата кај Бекамови не престанува – нови извори тврдат дека Бруклин му кажал на...
Бруклин и сопругата пијат вино од 17.000 $, по гласините дека Никола Пелц добива џепарлак од 1 милио... Покрај она што го кажа Бруклин, некои извори велат дека конфликтот меѓу неговото...
Нови детали за убиството на режисерот и сопругата: Синот ги убил со нож додека спиеле, неговата соба... Ник Рајнер им ги пресекол грлата на родителите додека спиеле, по што изнајмил со...
Бекамови очајни да го подобрат односот со Бруклин: „Се надеваат на ’божиќно чудно‘, но веќе не ја са... „Минатата година сите беа заедно. Дејвид и Викторија сакаат да му покажат на Бру...
Ромео Бекам раскина со девојката која му е бивша на брат му Бруклин: Дали таа ја почна семејната дра... По седум месеци, Ромео Бекам стави крај на врската со Ким, која му е бивша девој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg