Бруклин Бекам ладно ги изигнорира роденденските честитки од родителите: „Подготвени се да стават крај на конфликтот“
- Детали
- четврток, 05 март 2026
„Не се само Викторија и Дејвид, и неговите три тетки исто така споделија објави за роденденот“, вели извор близок до Бекамови за 27-иот роденден на Бруклин. Иако имаше честитки од родителите, од брат му, па и од дедо му, Бруклин единствено ја сподели објавата од неговата сопруга Никола.

Вчера (04.03) Бруклин Бекам го прослави 27-иот роденден, а и покрај конфликтот, неговите родители беа меѓу првите кои му честитаа.
Најпрво, Дејвид Бекам сподели стара фотка од него, Викторија и Бруклин, а под неа пишува „Те сакаме“.
На друга објава на Инстаграм Стори сподели уште една фотографија на која Бруклин е уште дете, исто така со роденденска честитка и зборовите „Те сакам“.
Викторија Бекам ја сподели првата објава на Дејвид, а потоа објави и фотографија на која позира со Бруклин додека тој е бебе.
„Среќен 27-ми роденден. Многу те сакам“, пишувана објавата.
Од Бруклин нема апсолутно никаква реакција за објавите на родителите и тој единствено ја сподели честитката од Никола Пелц.
Сопругата му честита со видео на кое Бруклин дува свеќи од роденденски крофни. На масата има неколку подароци, како и балони.
„Среќен роденден миличок. Се надевам дека сите соништа и желби ќе ти се исполнат!
Ја осветлуваш секоја просторија во којашто влегуваш и сите што те познаваат, те сакаат.
Ти си навистина посебна личност и сакам што сум твоја сопруга. Те сакам, те сакам, те сакам“, стои во описот.
Иако Бруклин целосно ги изигнорира честитките на родителите, извори блиски до Бекамови велат дека тие нема да се откажат од него.
„Можат да се издигнат над нападите и да ја видат поголемата слика, односно дека го сакаат нивниот син без разлика на сè. Го сакаат безусловно и тоа нема да се промени“, вели изворот.
Тој додава и дека други членови на семејството пробале да склучат примирје со Бруклин на ист начин.
