Постојано се фали, си носи личен готвач кога снима: Тимоти Шаламе се однесува како „разгалена дива“
- Детали
- сабота, 14 март 2026
Тимоти Шаламе си донел приватен готвач додека го снимал Wonka од кој барал да му прави три различни појадоци. И, не затоа што ги јадел трите, туку затоа што сакал да си избере еден, а другите два да ги фрли.

Тимоти Шаламе стана ѕвезда преку ноќ.
По малата улога во Interstellar, се појави во Call Me by Your Name и оттогаш почнавме да го гледаме во некои од најпопуларните холивудски филмови како Dune, Little Women, Wonka…
На само 30-годишна возраст, Тимоти може да се пофали со три номинации за Оскар и иако уште нема освоено ниту еден, сепак е најмладиот актер кој го постигнал овој успех.
Мислењето на јавноста за Тимоти е генерално поделено – некои сметаат дека е најдобар од својата генерација, но други велат дека не можат да го поднесат.
Критиките кон актерот зачестија периодов, по неговата изјава дека веќе на никој не му било гајле за балет и опера.
Во меѓувреме, почнаа да се споделуваат и други изјави и постапки на актерот кои некои ги гледаат како доказ дека се однесува како „разгалена дива“.
Дел од ваквите моменти на Тимоти Шаламе:
Контроверзната изјава за опера и балет
Како што спомнавме, Тимоти ги навреди операта и балетот во неодамнешно интервју за Vanity Fair:
„Треба да ги одржиме кината во живот, треба да го зачуваме овој жанр. Од друга страна, сметам дека ако луѓето сакаат да го гледаат Barbie или Oppenhemier, ќе одат да го изгледаат и ќе бидат гласни и горди за тоа.
И јас не сакам да работам за балет или опера или, знаете, работи за кои велиме дека треба да ги одржиме во живот, а знаеме дека на никој не му е гајле за нив“.
По изјавата, актерот беше осудуван дека има „ограничени ставови“ и на многумина не им е јасно како може личност која е активна во филмската индустрија да има такво мислење за другите уметности.
Дури и пејачката Доџа Кет се огласи за изјавата на Тимоти:
„Операта постои 400 години, а балетот постои 500 години. Некој си Тимоти Шаламе се осмели пред камера да каже дека на никој не му е гајле за опера и балет.
Сигурна сум дека ако сега отиде во оперска куќа, сите седишта ќе бидат полни и никој нема да каже ни збор бидејќи сите имаат толку голема почит“.
Се огласија и други познати личности, како Џејми Ли Куртис и Вупи Голдберг кои сметаат дека не е во ред што актерот непотребно критикува и навредува други уметници.
Барал да има приватен готвач на филмските сетови
Комичарот Том Дејвис глуми во филмот Wonka каде што Тимоти ја има главната улога.
Тој откри дека Тимоти се однесувал мошне разгалено на сетот, па дури и си донел свој личен готвач.
Од готвачот, пак, барал да му прави три различни појадоци. Не бидејќи ги јадел трите, туку за да може да си избере еден, а другите два да ги фрли.
„Една работа што ме иритираше – имаше личен готвач. Се зближив со готвачот и едно утро пред појадокот го прашав што приготвува.
Ми рече: ’Правам три различни појадоци за Тим (Тимоти), а тој ќе изеде само еден'. Тогаш Тимоти се сврте и ми рече да сум ги изел јас останатите два“.
