Постојано се фали, си носи личен готвач кога снима: Тимоти Шаламе се однесува како „разгалена дива“
Не ни пробувал да го скрие огромното его
За Radar Online, неколку извори блиски до актерот споделија дека „славата му удрила во глава“ и дека неговото его веќе било неподносливо, особено по третата номинација за Оскар.
„Сега некои сметаат дека амбицијата е најважното нешто во неговиот живот.
Како да е опседнат со неговото огромно его и би дал сè за дa го има својот момент на Оскарите“.
Актерот тешко се справил и кога минатата година не свои Оскар.
„Долго време беше разочаран. Му беше тешко да ја скрие фрустрацијата“, додава изворот.
Врската со Кајли го направила уште поарогантен
Кајли е една од најпознатите жени во светот, а тоа што го избрала Тимоти се одразило на неговото его.
„Откако е со Кајли има разлика во неговото однесување. Има некоја нова самодоверба.
Свесен е дека некои превртуваат очи за оваа врска, но за него тоа е потврда дека се наоѓа во елитата во Холивуд“, вели извор близок до актерот.
Од друга страна, изворот додава дека на почетокот како да сакал да ја скрие врската.
„Внимаваше кога ќе го фотографираат со неа бидејќи не сакаше врската да ја засени неговата работа. Со текот на времето ова се промени.
Сега врската не е одвлекување на вниманието од неговата работа, туку како продолжеток на неговиот бренд и неговиот статус“.
Некои го сметат за фалбаџија
Кога дава интервјуа, Тимоти Шаламе не се ни труди да покаже скромност.
На пример, во интервју од минатата година, тој се пофали:
„Имам навистина добри, врвни изведби изминативе седум, осум години. Важно е да го кажам ова поради мојата дисциплина.
Не сакам луѓето да го земат ова здраво за готово бидејќи ова е работа на професионалец“.
Ги навреди луѓето кои немаат деца
Некои луѓе не сакаат да имаат деца, но некои и воопшто не можат да добијат, без разлика колку ги посакуваат. Постојат и други причини зошто некој нема деца, како на пример финансиски проблеми.
Сепак, Тимоти Шаламе во интервју за Vogue кажа дека оние кои немале деца, воделе „здодевни и празни животи“.
Тој изјави и дека единствената работа на луѓето е да се размножуваат.
Спирова С. | Црнобело
