Пијан се шегува со полицајци, ги нарекува „луди“: Џастин Тимберлејк засрамен од снимките од апсењето, Џесика Бил разочарана
- Детали
- понеделник, 23 март 2026
Иако Џастин Тимберлејк проба да го запре објавувањето на снимките од неговото апсење во 2024-та, тие сепак допреа до јавност. Во снимките, пред да го уапсат тој пробува да објасни дека е на турнеја, а потоа, пијан, се жали дека тестовите за алкохол биле премногу тешки. Сопругата Џесика Бил, пак, била разочарана од него.

Во јуни 2024 година, Џастин Тимберлејк беше уапсен за возење во алкохолизирана состојба.
Според тогашните информации, полицајците воопшто не го препознале, а тој пробувал да им објасни дека ако го уапсат, ќе му ја уништеле светската музичка турнеја.
Сега, пак, речиси две години подоцна, со јавноста е споделена снимката од камерите на полицајците на кои се гледа како се одвива целата драма.
Во повеќето американски држави, ваквите снимки се сметаат за информации од јавен карактер, па ако некој медиум ги побара, може да ги добие.
Нормално, Џастин Тимберлејк се бореше за снимката да не излезе во јавност, истакнувајќи дека со тоа ќе се наруши неговата приватност.
„Јавното објавување на оваа снимка ќе предизвика сериозна и непоправлива штета на личната и професионалната репутација на Џастин Тимберлејк“, стои во барањето поднесено од страна на пејачот.
Сепак, на крај бил направен договор, па во јавност излезе скратена верзија од снимката.
Во видеото, кое беше споделено на 20-ти март, се гледа како полиција го застанува автомобилот на пејачот.
Кога го прашуваат што работи, тој вели:
„На турнеја сум, на светска турнеја“.
Полицаецот кој разговара со него му вели да појасни на што мисли, на што Џастин вели:
„Тешко е да се објасни… Јас сум Џастин Тимберлејк“.
Но, полицаецот веројатно не го препознава и му бара документи за идентификација, а потоа му прават и неколку тестови на пејачот – во еден миг го тераат да оди во права линија.
Пејачот коментира и дека тестовите биле многу тешки.
На крај, на Џастин му ставаат лисици, а едниот од полицајците вели:
„Возеше пијан. Падна на буквално секој тест“.
Џастин споделува и дека испил само едно мартини и дека ги следел пријателите до дома, а пред да го уапсат, им дава комплимент на полицајците:
„Ве ценам што си ја работите вашата работа“.