Пијан се шегува со полицајци, ги нарекува „луди“: Џастин Тимберлејк засрамен од снимките од апсењето, Џесика Бил разочарана
Вчера (22.03) беше објавена уште една снимка од апсењето, овој пат од полициската станица во Њујорк каде што бил приведен пејачот.
Во втората снимка, пејачот пробува да се шегува со полицајците кога му даваат документи за потпишување – коментира за расата што му ја напишале.
„Бел? Се шегувам, само се шегувам“, му вели на полицаецот.
Кога, пак, му кажуваат дека ќе биде во притвор до следното утро, Џастин прашува дали ќе треба да остане во ќелијата цела ноќ.
Откако полицаецот му одговара потврдно, тој вели:
„Вие сте луди“.
Џастин се жали и дека го третирале како криминалец кога полицајците бараат да направат уште еден тест.
„Не, нема да направам хемиски тест. Момци, не мислам ништо лошо… Ме третирате како криминалец“.
Во целата драма, сопругата на Џастин, Џесика Бил, одбива да дава коментар, но според извори блиски до парот, моментално му е најголема поддршка на пејачот.
„Џесика не е најсреќна што апсењето повторно е во фокус. Има причина зошто пробуваа да го запрат објавувањето на снимката. Инцидентот е стресен за неа и таа сака да го остават зад нив.
Очигледно, снимката не го прикажува во добро светло… Периодов имаа многу предизвици, а Џесика е фокусирана на тоа да продолжат понатаму. Најсреќна е кога можат да се фокусираат на семејството.
Го поддржува Џастин, но исто така не се плаши да покаже дека е разочарана за одредени одлуки“.
Иако адвокатот на Џастин за неколку медиуми изјави дека пејачот дефинитивно бил трезен, на крај тој се согласи да признае вина за помала казна.
Објавените снимки можете да ги погледнете во продолжение:
Спирова С. | Црнобело