„Најзгодниот затвореник“ за опседнатите обожавателки: „Ми праќаа голи фотки во затвор, поради нив не можев да го видам син ми“

„Добивав можеби 300 писма дневно. Добивав голи фотографии, ми праќаа пари од сите страни. Обожавателките ненајавено доаѓаа да ме посетат во затворот, па не можев да си го видам синот бидејќи ни дозволуваа само две посети неделно“, раскажува Џереми Микс, попознат како „најзгодниот затвореник во светот“.

najzgodniot-zatvorenik-za-opsednatite-obozhavatelki-mi-prakjaa-goli-fotki-vo-zatvor-poradi-niv-ne-mozhev-da-go-vidam-sin-mi-01.jpg

Џереми Микс, попознат како „најзгодниот затвореник на светот“ стана сензација во 2014 година, кога негова полициска фотка стана вирална.

Фотографијата беше објавена од официјалниот Фејсбук профил на полициската станица со Стоктон, Калифорнија и речиси веднаш почна да се споделува на сите социјални мрежи.

Џереми стана ѕвезда преку ноќ, а фотографијата неретко се споделуваше и со апели да го ослободат бидејќи бил многу згоден.

najzgodniot-zatvorenik-za-opsednatite-obozhavatelki-mi-prakjaa-goli-fotki-vo-zatvor-poradi-niv-ne-mozhev-da-go-vidam-sin-mi-08.JPG

Од една страна, виралната фотографија му донесе слава на Џереми и можност да си го среди животот. Но, од друга, популарноста значително му го отежнала престојот во затвор.

Во ново интервју, поранешниот затвореник вели дека поради опседнатите обожавателки кои оделе и до затворот за да го видат, му биле забранети посети од семејството, вклучувајќи го ѝ неговиот син.

Тој открива и дека добивал безброј писма, па дури и голи фотки.

„Добивав можеби 300 писма дневно и сето ова беше премногу за мене. Добивав голи фотографии, пари… Ми праќаа пари од сите страни“, споделува Џереми.

najzgodniot-zatvorenik-za-opsednatite-obozhavatelki-mi-prakjaa-goli-fotki-vo-zatvor-poradi-niv-ne-mozhev-da-go-vidam-sin-mi-03.JPG

Џереми ја отслужи казната во затвор во Сакраменто каде што му биле дозволени максимум две посети неделно.

Но, обожавателките доаѓале ненајавени.

„Во Сакраменто се многу строги, дури и кретени кога се во прашање посетите. Луѓе што не ги познавам доаѓаа да ме посетат и јас ги одбивам уште пред да ме однесат во одделот за посети.

Гледам низ стаклото и велам ’Не знам која е оваа личност‘. Но, чуварите ќе ми речеа дека сепак ќе ми вбројат една посета.

Па, моето семејство не можеше да дојде бидејќи непознати луѓе доаѓаа да ме посетуваат и сето ова ме фрустрираше“.

najzgodniot-zatvorenik-za-opsednatite-obozhavatelki-mi-prakjaa-goli-fotki-vo-zatvor-poradi-niv-ne-mozhev-da-go-vidam-sin-mi-04.JPG

Тој дури и ги молел фановите да престанат да доаѓаат за да може да си го види синот.

„Тогаш само ќе ми речеа ’Па ние возевме од Тенеси‘. Ќе им кажев дека разбирам и дека им се заблагодарувам, но јас имам петгодишен син и тој не разбира зошто не сум дома и има потреба да ме види.

Па, ги молев да не се враќаат во затворот, туку да ми пишуваат писма“.

jeremy-meeks-son-jeremy-meeks-124323054.JPG

Денес синот на Џереми има 15 години, а тој го доби од бракот со медицинската сестра Мелиса Микс, од која се разведе во 2018-та.

Тој доби дете и со наследничката на Topshop, Клои Грин, но веќе не е со неа.

najzgodniot-zatvorenik-za-opsednatite-obozhavatelki-mi-prakjaa-goli-fotki-vo-zatvor-poradi-niv-ne-mozhev-da-go-vidam-sin-mi-07.JPG

Џереми додава и дека чувствувал љубомора од страна на чуварите во затворот.

„Имаше омраза од чуварите, не од другите затвореници.

Многу бев гневен на чуварите кои ме тепаа и сето ова беше љубомора. Има многу работи што можам да ги кажам“.

najzgodniot-zatvorenik-za-opsednatite-obozhavatelki-mi-prakjaa-goli-fotki-vo-zatvor-poradi-niv-ne-mozhev-da-go-vidam-sin-mi-02.JPG

Денес Џереми пробува да се држи настрана од криминал и работи како модел. На Инстаграм има 1,5 милиони следбеници и вели дека е задоволен од својот живот.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синот на Бритни Спирс првпат сам на црвен тепих со девојка – додека мајка му прави скандал со нож во... По долги години растење настрана од јавност, помалиот син на Бритни првпат се по...
Први фотки од Пи Диди во затвор – со побелена брада, се смее со други затвореници Јавноста не го видела Пи Диди од септември минатата година, но сега се појавија ...
Блу Ајви (13) порасна во копија на мама Бијонсе – ги збуни сите со изгледот кога стигна во Париз со ... Ако и вие помисливте дека на фотките Бијонсе е таа што излегува од возило - се л...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Го напуштил во детството, се заканувал дека ќе го киднапира: Во каков однос е Џастин Бибер со татко ... Кога Џастин Бибер се родил, мајка му имала 17 години, а татко му едвај 18. Бидеј...
Клои Кардашијан со ретка изјава за нејзината маќеа: „Се венча со татко ми кога беше на смртна постел... Шест недели пред да почине од рак, Роберт Кардашијан се венчал со третата сопруг...

Најчитани неделава