„Нервозна сум кога не сум со него“ – Зендеја го возвиши саканиот, па модно издоминира со колегата Роберт Патинсон (фото)
- Детали
- петок, 03 април 2026
Зендеја одржа лекција и покажа дека е модна кралица на турнејата за новиот филм – сите зборуваат за совршените аутфити во кои блеска покрај колегата Роберт Патинсон од Париз до Њујорк, а во меѓувреме го возвиши саканиот Том Холанд со романтично признание.

Актерката Зендеја покажа дека умее да ги остави сите со подотворени вилици со своите модни појавувања на црвен тепих.
Периодов таа е на турнеја по повод премиера на новиот филм The Drama, романтичен трилер во кој глуми со Роберт Патинсон, како пар кој се обидува да стигне до олтарот, додека работите не тргнат во друга насока.
Од Лос Анџелес, преку Рим и Париз, а сега и Њујорк, Зендеја се појави во повеќе спектакуларни аутфити, дел од нив инспирирани од невестински изглед, а други целосно драматични, како последниот син стајлинг со кој маѓепса.
На црвениот тепих низ цел свет таа блеска сама, но и на заедничките појавувања со колегата Роберт Патинсон, со кого изгледаат прилично опуштено.
Во приватниот живот таа е во љубов со Том Холанд, актерот кој го глумеше Спајдермен, за кого во меѓувреме, во едно гостување даде романтична изјава.
постара фотографија од Зендеја и Том
„Според моето искуство, мислам дека луѓето некогаш стануваат нервозни кога се во близина на други луѓе.
Но, кога јас сум покрај мојата личност, сфатив дека воопшто не станувам нервозна. Напротив, чувствувам мир и се чувствувам спокојно.
И си велам, леле па јас сум понервозна кога не сум со тебе, отколку кога сум со тебе.
И тогаш сфатив, аха тоа е добар знак, слушај си ја интуицијата, тоа е твојот човек“ – изјави актерката.
Неодамна се шпекулираше дека можеби парот се венчал во тајност, а гласините се вжештија кога за време на оваа турнеја беше забележана со златен прстен кој личи на бурма.
За премиерите, таа дури ја искористи и свадбената традиција „нешто ново, нешто старо, нешто позајмено и нешто сино“, па суптилно го вметна тоа во своите стајлинзи.




Погледнете ги сите нејзини аутфити досега, од официјалните премиери и од „афтер“ забавите:
М. М. | Црнобело
