Смешни реакции за настапот на Џастин Бибер на Coachella – си пушташе песни на Јутјуб: „Барем има премиум профил“
- Детали
- вторник, 14 април 2026
Џастин Бибер доби 10 милиони долари за да настапува на музичкиот фестивал Coachella, но оние кои очекуваа спектакуларен концерт беа разочарани. Пејачот се појави на сцена во лежерно издание, а со себе имаше само лаптоп на кој пушташе негови песни и ги пееше. Во еден миг ја праша и публиката што да им пушти.

Два викенда во април (10-12 и 17-19) се резервирани за еден од најпопуларните музички фестивали во САД – Coachella.
Фестивалот го посетуваат бројни славни личности и инфлуенсери, а настапуваат некои од најголемите музички ѕвезди во светот, како и помалку познати артисти кои приредуваат одлична забава.
Првиот викенд од фестивалот веќе помина, а свој настап имаше Сабрина Карпентер. Но, една од најочекуваните точки беше настапот на Џастин Бибер кој првпат застана на сцена по пауза од три и пол години.
Поради проблеми со здравјето, Џастин Бибер воопшто не настапуваше од 2022 година, па ова беше негов голем камбек.
Но, наместо забавата за којашто се надеваа, многу од фановите на пејачот ги дочека вистинско разочарување.
32-годишниот пејач ја помина вечерта пеејќи песни што ги пушташе на Јутјуб, а за ова му биле платени дури 10 милиони долари.
Додека повеќето артисти користат безброј реквизити и ја претвораат бината во нешто волшебно, Џастин се појави на сцена во лежерно издание, со блузон и кратки панталони, а со себе имаше само маса, лаптоп и столче.
На видеобимот зад него беше проектиран екранот од неговиот лаптоп, па беше јасно дека ги пребарува песните на Јутјуб, некои од нив кочеа поради лошиот интернет, а во еден миг ја прашуваше и публиката што да им пушти следно.
Пејачот пушташе негови стари хитови, како Baby и ги пееше, а се фокусираше и на понова музика.
Севкупно, некои велат дека настапот на Џастин повеќе личел на пренос во живо наместо на традиционален концерт каков што очекувале.
Многумина прават споредба со настапот на Сабрина Карпентер која дефинитивно се надминала со реквизитите, впечатливите аутфити и бројните танчари на сцена.
„Ако Сабрина Карпентер одржеше ваков концерт, нејзината кариера ќе беше завршена“.
„Ова е можеби најмрзливиот настап што сум го видел во животот“.
„Џастин Бибер е најплатениот артист на Coachella (повеќе од Лејди Гага и Бијонсе), а само што ја имаше најлошата изведба што сум ја видела“.
„Џастин Бибер си пушташе музика од лаптоп, додека Сабрина Карпентер неколкупати смени облека, имаше визуелни ефекти, кореографии и одличен настап“.
Секако, имаше и луѓе кои се воодушевени од настапот на Џастин.
„Ја гледа својата помлада верзија со ништо освен љубов. Никогаш не сум го видела толку релаксиран и среќен додека настапува“.
„Не сте свесни колку сум емотивна кога го слушам како ги пее неговите стари песни заедно со неговата помлада верзија“.
„Џастин Бибер е причината зошто луѓето зборуваат за Coachella годинава. Не мора да направи спектакуларен концерт за фановите да уживаат“.
Кејти Пери, пак, која беше на концертот, се пошегува дека била среќна што пејачот имал премиум профил на Јутјуб, за да не мора да гледаат реклами.
Овде се и бројните реакции на Твитер, но и многуте смешни мемиња за настапот. Некои дури и го користат хаштагот bieberchella (комбинација од Bieber и Coachella) во чест на пејачот.