Сакал да се убие по разводот, бившата се гледала со 18-годишник: Скандалозни детали од новиот документарец за Хулк Хоган
- Детали
- четврток, 23 април 2026
Во Нетфликс документарецот објавен по смртта на Хулк Хоган се откриваат низа детали кои досега биле непознати за јавноста. Во документарецот борачот го дава неговото последно интервју и вели дека пробал да се самоубие откако се развел од сопругата, а таа почнала да се гледа со 18-годишник.

Кај нас, борењето не е популарен спорт како во САД, но сите сме слушнале за Хулк Хоган – можеби најпознатиот борач во светот.
Хулк Хоган почина од инфаркт во јули 2026-та, на 71-годишна возраст.
Но, неколку месеци пред неговата смрт, тој сними документарец во соработка со Нетфликс кој од неодамна е достапен на стриминг платформата.
Документарецот насловен Hulk Hogan: Real American се фокусира на животот на познатиот борач, неговиот комплициран однос со семејството, но и бројните контроверзии.
Во документарецот има интервјуа со неговата прва сопруга, неговиот син, па дури и американскиот претседател Доналд Трамп.
А, бидејќи зборува и самиот Хулк, документарецот е всушност неговото последно интервју.
Дел од најлудите работи што беа откриени во документарецот:
Пред да почине му требала помош и за најлесни обврски
Хулк имал низа проблеми со здравјето, а неколку месеци пред смртта е снимен како вежба во неговата домашна теретана користејќи бастун.
„Во ред е, но имам болка. Синот ми помага да ги отвораш шишињата вода бидејќи јас не можам“, вели борачот.
Тој сподели и дека некогаш се срамел што не можел сам да си ги отвора шишињата.
Брат му починал многу млад
Постариот брат на Хулк, Алан Болеа, починал во 1986-та, на само 38-годишна возраст.
„Не бевме многу блиски. Брат ми порасна многу брзо. Додека јас да наполнам 17 години, тој веќе возеше мотоцикл со банда“.
Кога Хулк почнал да се прославува, вели дека честопати брат му доаѓал да го гледа на неговите боречки натпревари, заедно со уште неколку членови на неговата банда.
Кратко пред да почине, Хулк се сретнал со брат му и тој му кажал дека само што излегол од рехабилитација и му требале пари.
Хулк му дал пари, но набрзо потоа дознал дека се предозирал.
„Требаше да го земам со мене наместо да му ги дадам парите. Тоа беше последен пат што го видов. Ми беше тешко да го преболам“.
Хулк не можел да оди ни на погребот, а во документарецот замолува да престанат со снимање бидејќи плаче.