„Хулк Хоган е убиен, некој направил грешка и пробува да ја скрие“: Мистерија околу смртта на познатиот борач

Ќерката на Хулк Хоган вели дека бил контактирана од лекари и полицајци кои ѝ кажале дека некои работи во врска со смртта на татко ѝ се прикриени. Друг извор, пак, вели дека Хулк починал поради грешка за време на операција, а не од инфаркт како што се кажува во јавност. Што знаеме за мистериозните околности за смртта на борачот?

hulk-hogan-e-ubien-nekoj-napravil-greshka-i-probuva-da-ja-skrie-misterija-okolu-smrtta-na-poznatiot-borach-01.jpg

Хулк Хоган, кој важеше за еден од најпознатите борачи во светот, почина минатиот месец на 71-годишна возраст.

Покрај кариерата, Хулк беше познат и по многуте семејни драми и комплицираниот однос со ќерка му.

Па, јавноста не беше многу изненадена кога ќерка му Брук не отиде на неговиот погреб, туку тој ден го помина на плажа.

hulk-hogan-e-ubien-nekoj-napravil-greshka-i-probuva-da-ja-skrie-misterija-okolu-smrtta-na-poznatiot-borach-09.JPG

Сепак, таа сподели емотивна објава на Инстаграм во која вели дека татко ѝ би бил среќен што таа го прескокна погребот.

„Татко ми ја мразеше морничавоста на погребите. Не ни сакаше да има погреб… Донесов одлука да му оддадам почит на најдобриот начин на којшто знаев – приватно“, пишува Брук, меѓу другото.

hulk-hogan-e-ubien-nekoj-napravil-greshka-i-probuva-da-ja-skrie-misterija-okolu-smrtta-na-poznatiot-borach-02.JPG

Брук и Хулк речиси и да не контактираа откако борачот се венча со третата сопруга, но сега токму таа разгоре нови шпекулации за смртта на татко ѝ.

Минатата недела, во неколку објави на Инстаграм Стори, Брук вели дека околностите во кои починал татко ѝ се во најмала рака сомнителни и мистериозни.

Според официјалните извори, Хулк починал од инфаркт, а имал историја со здравствени проблеми како леукемија и проблеми со срцето.

hulk-hogan-e-ubien-nekoj-napravil-greshka-i-probuva-da-ja-skrie-misterija-okolu-smrtta-na-poznatiot-borach-04.JPG

Таа смета дека полицијата не открива сè што знае.

„Ви кажувам сè што знам, па престанете да шпекулирате и да ме прашувате. Овие информации ги споделив и со брат ми.

Факт е дека добивав повици од професионалци – од полицајци до медицински сестри, кои наводно биле со татко ми на денот на неговата смрт.

Ми кажаа дека треба да ги видам снимките од камерите што ги носат полицајците и дека треба да допрам до снимките од повикот за брза помош бидејќи наводно содржат информации кои можат да го сменат наративот што јас и сите ние го слушаме.

Овие професионалци се толку трогнати од она што го посведочиле, што продолжуваат да ме контактираат и ме притискаат да најдам одговори до денес. Буквално си ги ризикуваат кариерите бидејќи сакаат да го направат она што е правилно.

Накратко – сè е во рацете на сопругата на татко ми и јас немам никаква контрола. Не можам да направам ништо, рацете ми се врзани и немам право да кажам ништо во врска со татко ми, дури и како негова ќерка“.

hulk-hogan-e-ubien-nekoj-napravil-greshka-i-probuva-da-ja-skrie-misterija-okolu-smrtta-na-poznatiot-borach-06.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
На 12 години изгубил невиност со девојката на татко му, додека тој ги снимал - Скандалозниот живот н... „Во Њу Орлеанс запознав девојка која беше „јужњачка реинкарнација на Мерилин Мон...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава