„Хулк Хоган е убиен, некој направил грешка и пробува да ја скрие“: Мистерија околу смртта на познатиот борач
Брук додава и дека не знае дали и кога татко ѝ би бил кремиран, ниту, пак, дека ги знае резултатите од аутопсијата.
„Немам информација за неговото кремирање. Можеби било веднаш откако починал, можеби ќе биде утре. Брат ми ми кажа дека ќе има аутопсија. Не знам кој ќе ја изведува.
Но, секоја информација што ќе ај добија за резултатите, ќе ја чувам во тајност поради почит кон татко ми…“
Брук истакнува дека нема право да го слушне повикот од брза помош, ниту да ги побара снимките од камерите на полицајците кои дошле кога татко ѝ починал бидејќи законот не го дозволува тоа.
На крај, само ги замолува сите да престанат да ја прашуваат што знае.
Третата сопруга на Хулк, пак, вели дека аутопсијата е направена, но дека борачот уште не бил кремиран.
Во меѓувреме, се појави и друга личност која вели дека смртта на Хулк е резултат на лекарска грешка.
Изворот е всушност терапевт кој бил во домот на Хулк на денот на неговата смрт.
Според него, во мај Хулк правел операција, кога хирургот му го оштетил френичниот нерв кој ја контролира дијафрагмата.
Терапевтот тврди дека Хулк немал ниту еден симптом на инфаркт и токму ова им го кажувал на полицајците кога борачот починал. Односно, причината за смртта била лекарската грешка при операцијата, а не инфаркт.
Наводно, ова е разговорот што е снимен од камерите на полицајците и Брук била советувана да ги бара токму овие снимки.
Иако Брук не сака веќе јавно да зборува за смртта на татко ѝ, извор близок до неа вели дека сака да открие што точно се случило.
„На Брук ѝ е преку глава да ја гледаат како да е луда, но веќе не сака да биде игнорирана. Сака да добие одговори за тоа како татко ѝ починал, дали било лекарска грешка, природна смрт или нешто помеѓу.
Ако ситуацијата продолжи да ескалира, Брук не се плаши да се соочи со сопругата на татко ѝ и другите членови на семејството за да добие тоа што сака“.
Сопругата на Хулк суптилно потврди дека неговиот френичен нерв бил оштетен, но кога фановите покажуваа загриженост за здравјето на борачот неколку месеци пред да почине, таа тврдеше дека е во добра состојба.
По смртта на борачот се огласи и негов близок пријател – радио водителот Тод Алан Клем.
Иако водителот важи за контроверзна личност, по изјавите на ќерката на Хулк, јавноста се заинтересира и за неговиот став.
Според водителот, криењето на резултатите од аутопсијата и другите информации околу смртта на Хулк се доволен доказ дека нешто не е во ред:
„Некој направил грешка и некој сега го прикрива тоа – некој го уби Хулк Хоган. Тоа е моето мислење. Имам и некои извори и изворите не се Брук Хоган (ќерката на Хулк).
Луѓе кои работат на истрагата ме контактираа, но треба да останат анонимни бидејќи им е став дека ќе ја изгубат работата. Има луѓе кои се убедени дека се случува нешто чудно“.
Засега, другите членови на семејството на Хулк се немаат огласено за целата мистерија.
Прочитајте и: Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почина од проблеми со срцето
Спирова С. | Црнобело