Сакал да се убие по разводот, бившата се гледала со 18-годишник: Скандалозни детали од новиот документарец за Хулк Хоган
Ја изневери сопругата
Хулк Хоган и неговото семејство имаа реално шоу – Hogan Knows Best. Но, на шоуто му дојде крајот кога се дозна дека тој ја изневерил сопругата Линда со пријателка на нивната ќерка.
Сопругата Линда пронашла обетка што не била нејзина, а овој период Хулк бил на натпревар во Германија. Кога се вратил дома, куќата била празна, а Линда веќе се преселила.
„Сефовите беа искорнати од ѕидот. Немаше ништо во куќата, освен мојата облека“, се присетува борачот.
Имал обид за самоубиство
Во документарецот, Хулк открива дека разводот бил еден од најтешките периоди во неговиот живот и дека ни децата не му кревале на телефон.
Бившата сопруга Линда, пак, почнала врска со 18-годишник кој одел во исто училиште со нивните деца.
Тогаш борачот имаше интервју со магазинот Rolling Stone и изјави дека разбирал зошто О. Џ. Симпсон наводно ја убил неговата поранешна сопруга.
Очекувано, оваа изјава се соочи со остри критики.
Инцидентот ја прелил чашата за борачот, па тој пробал да изврши самоубиство.
„Почнав да пијам алкохол и апчиња и неколку денови бев заглавен во дупка.
Додека да се свестам, седев пред мојот тоалет со пиштол во устата и не знаев што правам“, се присетува борачот.
Останал без пари по разводот
Хулк вели дека никогаш повеќе не сакал да ја види бившата сопруга по разводот.
„И дадов 70% од сè што поседував. Не сакав да ја видам и ѝ дадов сè за да се ослободам од неа. По разводот, немав пари“.
Користел многу фентанил
По пауза од борењето, во 2009 година Хулк се врати во боречкиот ринг. Но, поради здравствените проблеми, почнал да зема фентанил.
„Земав по 80mg фентанил, двапати наутро, го ставав на непцето. Имав и кесички од 300mg на нозете. Имав и лижавчиња со по 1.500mg фентанил“.
Борачот открива и дека фармацевтот од каде што го купувал лекот му рекол:
„Треба да си мртов… Никогаш не сум видел некој да користи толку многу фентанил“.
И покрај сите драми, најсреќен бил со првата сопруга
По бурниот развод, во 2010 година Хулк се венча со Џенифер Мекданиел. Беше со неа до 2021 година.
Потоа, во 2023-та се венча со Скај Дејли Хоган со која остана во брак до неговата смрт.
На прашањето кога бил најсреќен, во документарецот Хулк вели дека кога неговите деца биле „млади и здрави“ и кога Линда била „совршена мајка и совршена сродна душа“.
Линда, пак, откри дека никогаш не го преболела борачот.
„Мојата љубов за него никогаш не исчезна. Уште го сакам“.
Спирова С. | Црнобело