Познат пејач обвинет за суровото убиство на тинејџерка: Го скрил телото во 2 вреќи, во автомобил во Холивуд
Телото било откриено откако некој пријавил дека од Tesla автомобил се шири непријатна миризба.
Полицајците го нашле телото во багажникот на предниот дел од автомобилот. Било ставено во две црни вреќи и било распарчено.
Бидејќи телото било во фаза на распаѓање, Селест била идентификувана дури на 16-ти септември.
Девојката била поранјден само еден ден по нејзиниот 15-ти роденден, а форензичарите верувале дека починала долго пред да ја најдат – можеби дури и минатата пролет.
Во меѓувреме, се утврдило дека автомобилот во кој била најдена е регистриран на името на Дејвид.
Неколку денови подоцна, полицијата го пребарала домот на Дејвид во Холивид, но набрзо потоа пејачот се иселил од куќата.
Сепак, тогаш од полицијата споделија дека уште немаат осомничен, но дека се соменвале дека неколку лица учествувале во ослободување од телото.
Во наредните неколку месеци, надлежните работеа на случајот и не споделуваа многу детали.
Дури и сега, голем дел од доказите се чувани во тајност.
Но, главниот обвинител сподели дека во доказите има снимки од телефонот на Дејвид кои содржат експлицитна содржина со деца.
Тој откри и дека биле направени 50 претреси во склоп на истрагата.
Адвокатскиот тим на Дејвид, пак, бара доказите да бидат споделени јавно што е можно побрзо бидејќи биле сигурни дека ќе ја докажат невиноста на пејачот.
Дејвид беше уапсен на 16-ти април годинава, како главен осомничен.
Обвинет е по неколку точки, како сексуален однос со малолетник, а ќе одговара и за распрачувањето на телото на младата девојка.
Поради ладнокрвноста на убиството, некои обвинители спомнаа дека ќе бараат и смртна казна.
Според последните информации, Дејвид употребил моторна пила, а Селест имала убодни рани на стомакот кои биле причина за смртта.
Спирова С. | Црнобело