Фотосесија за која се срамела цел живот, желбата да стане мајка: Мерилин Монро си ја „отворила душата“ во последното интервју
Актерката се присетува и на трите пропаднати бракови, од кои првиот го склопи на само 16 години.
„Кога имав 16 години, бев дете, но бев и домаќинка...
Среќата не е нешто што го земав здраво за готово и мислам дека ја најдов во бракот – во моите бракови. Не во првиот, но, знаеш, живееме и учиме“.
Актерката секогаш била отворена за желбата да стане мајка, но во животот имала неколку спонтани абортуси.
Па, никогаш не си го исполнила најголемиот сон.
„Понекогаш мислам дека сè што сум скала во животот е да станам среќно омажена жена со прекрасно семејство“, вели актерката во интервјуто.
Фановите ја демнеле насекаде
Мерилин открива дека кога излегувала на улица, секогаш ја опкружувале обожаватели и било вистински предизвик да се движи во јавност.
По една ваква ситуација открива дека ѝ требала лекарска помош.
„Излегов од болница во Њујорк и не ми беше многу добро бидејќи ми правеа операција на мочниот меур.
Но, луѓето околу мене толку многу се туркаа што ми ја отворија раната“.
Актерката повторно морала да оди на лекар за да ѝ ја затворат раната.
„Мислам дека фановите треба да бидат свесни дека и ние познатите сме реални и дека сме луѓе“.
Не сакала да ја нарекуваат „секс симбол“
Во интервјуто, Мерилин вели дека титулата „секс симбол“ ѝ била посебен товар, а кога видела кои други жени ја носат истата титула, се чувствувала и навредено.
„Искрено, мислам дека е безначајно. Одеднаш сите можат да бидат секс симбол…“
Мерилин вели дека иако не снимала еротски сцени, сепак сакала да им даде шанса.
„Ако ги погледнете моите филмови, ќе забележите дека никогаш не сум имала еротска сцена. Сакав некогаш да тестирам дали можам.
Мислам дека ако можете да одглумите едно нешто, ќе можете да одглумите што било. Само што никогаш не сум имала таква сцена“.
Спирова С. | Црнобело