„Заврши во болница, ѝ трансплантираа бубрег, а јаде само брза храна“: Селена Гомез критикувана за „одвратните“ навики и исхраната
- Детали
- сабота, 16 мај 2026
Според сопругот на Селена Гомез, нејзината исхрана се состои исклучиво од брза храна. Мразела овошје и зеленчук и јадела само хамбургери, пици, помфрит и слично. Селена еднаш заврши во болница поради начинот на исхрана, а во 2017-та ѝ беше трансплантиран бубрег бидејќи има лупус, па поради ова, сега ја критикуваат што не води подобра грижа за себе.

Низ годините, Селена Гомез имала бројни проблеми со здравјето, а ѝ беше направена и трансплантација на бубрег.
И покрај ова, се чини дека 33-годишната пејачка не води добра грижа за себе, а откако нејзиниот сопруг Бени Бланко зборуваше за нејзината исхрана, повторно се соочи со критики.
Според Бени, Селена јадела „како петгодишно дете“ и истакна дека јаде исклучиво нездрава храна.
Најмногу сакала бургери и помфрит, а брзата и многу мрсна храна ја јадела и за појадок – навика за која некои велат дека е дури и „одвратна“.
„Утрово влегов во кујна и ја видов како јаде брза храна во 6:45 наутро“, сподели продуцентот додека гостуваше во поткастот на Гвинет Палтроу.
Продуцентот изјави и дека Селена мразела овошје и зеленчук.
„На пример, ако порача салата со пилешко, ги отстранува сите зеленчуци, па јас ги дојадувам“.
Иронично е што Селена Гомез има свое реално шоу за готвење на Нетфликс, без разлика што е ужасен готвач и самата признава дека се храни нездраво.
„Јас јадам, но проблемот е што не јадам здраво. Сакам бонбони, чоколадо и грицки“, има изјавено пејачката.
Во една пригода, таа откри дека омилен ланец за брза храна ѝ е Jack in the Box кој некои го нарекуваат „најлошиот во Америка“.