Сите девојки на Кристијано Роналдо, пред Џорџина да го „смири“: Ким Кардашијан, Парис Хилтон
- Детали
- недела, 14 јуни 2026
Пред Џорџина, Кристијано Роналдо имаше врска со шпанскиот модел Десире Кордеро, но наводно ја „откачил“ бидејќи бил сигурен дека го користи за пари.

Денес Кристијано Роналдо е во среќна врска со Џорџина Родригез, а наскоро можеме да очекуваме и свадба.
Но, пред да ја сретне неа бил вистински заводник, па зад себе има бројни врски.
Дел од љубовите на фудбалерот, пред Џорџина да го „смири“:
Џордана Џардел
Џордана е првата жена со која го поврзуваа фудбалерот откако почна да се прославува.
Малку се знае за нивната врска, но се шпекулира дека бразилскиот модел му била првата посериозна врска.
Првите гласини дека се пар се појавија во 2003-та, но не издржаа долго заедно.
Мерше Ромеро
Помеѓу 2005 и 2006 година, фудбалерот беше поврзуван со уште еден модел, овој пат Португалката Мерше Ромеро.
Сепак, бидејќи Мерше минувала голем дел од времето во Португалија, а не сакале врска на далечина, тие се разделија.
Имоген Томас
Потоа фудбалерот имаше кратка врска со ријалити ѕвездата Имоген Томас.
Според изворите, излегле на неколку состаноци во 2006-та, а во 2011-та решиле да си дадат нова шанса.
Портпаролот на ријалити ѕвездата го негираше ова, но изјави дека Кристијано ја „бомбардирал со повици“.
Сораја Чавез
Фудбалерот и португалската актерка имаа кратка врска во 2007-ма пред таа да се прослави во својата родна земја.
Џема Аткинсон
Истата година, во 2007-ма, Кристијано имаше и кратка врска со актерката Џема Аткинсон.
Не се познати многу детали за нивната врска, но британската актерка има изјавено дека пробал да ја освои со чај и популарната серија Only Fools and Horses.