Се омажи за братучед и од инцестот роди дете - Скандалозната љубов на актерката Грета Скаки
И реакциите на јавноста биле бурни како оние на семејството.
Кога актерката останала бремена, стравувала дека ќе биде принудена да абортира.

„Медиумите со католичка ориентација беа толку огорчени кога нашата врска стана јавна. Бев исплашена, мислев дека можеби ќе морам да го абортирам нашето бебе.
Чувствував како да завршува светот. Барав некој што ќе ме сака, ќе ме поддржува и ќе биде тука за мене и децата. Карло беше карпа, некој што ми даваше многу и се грижеше за мене“.

Грета рекла и дека Карло секогаш бил посветен на своето семејство, па долго пред да почне нивната врска, тој бил првиот што дошол во болница кога таа ја родила својата ќерка, а која ја доби од љубовта со актерот Винсет Д’Онорфио.
„Тој апсолутно знае кога нешто е приоритет и работи напорно за нашето семејство.
Тој беше првата личност во болницата откако се роди Лејла и е нејзин кум.
Тој беше мој најдобар пријател, а стана мој љубовник“, додала таа.

И покрај притисокот, продолжија да живеат заедно и добија синот Матео.
За разлика од многу познати личности, Грета подоцна избегнуваше да зборува за својот приватен живот, па само блиските знаеја што навистина се случува зад затворени врати.
Затоа веста дека се разделиле во 2010 година беше откриена дури години подоцна, а извори блиски до актерката тврдеа дека разводот поминал без конфликт или груби зборови.

Според семејните пријатели, поранешните сопружници останале во добри односи заради својот син и продолжиле да се почитуваат еден со друг, иако тргнале по свои патишта.
„Тие едноставно раскинаа како што прават многу други парови, но меѓу нив нема непријателство. Едноставно, не успеаја иако веруваа дека се предодредени еден за друг“, рекол близок пријател на поранешниот пар.
А. Ј. | Црнобело