Изгледа Шакира пронајде нова љубов по неверството на бившиот – „уловена“ на средба со мексикански актер, мета на лажни бакнежи
- Детали
- четврток, 18 јуни 2026
По очајувањето за неверството на бившиот Пике, Шакира има нова љубов – папараците ја фотографираа пред хотел и во автомобил заедно со актерот Мануел Гарсија Рулфо, но фотките од нивното наводно бакнување се сепак лажни и генерирани со АИ, а за тоа е доказ и прстенот кој на оригиналните фотки го има, а на другите не.

По сите скандали со неверството на Пике, кое Шакира долго време не можеше да го преболи, изгледа сега таа сепак продолжи понатаму.
Пејачката беше забележана пред хотел со мексиканскиот актер Мануел Гарсија Рулфо, познат по улогата во The Lincoln Lawyer.


На фотките тие изгледаат опуштено, се смеат и си разговараат, а потоа се забележани заедно и во автомобил.



Сепак, освен оригиналните папарацо фотки на Page Six, на социјалните мрежи Шакира често е мета на лажни љубовни фотографии со разни личности, кои се направени со вештачка интелигенција.
На Инстаграм сега повторно се шират лажни фотографии на кои на истата средба со Мануел, изгледа како тие наводно да се држат за рака и се бакнуваат.
Сепак веројатно истите се генерирани со вештачка интелигенција, а за тоа е доказ и тоа што на фотките со бакнежот го нема прстенот кој Шакира го носи на рака на оригиналните фотографии.

М. М. | Црнобело