Освалдо Риос во топ форма на 65 години - Извајани мускули, згоден како во времето кога глумеше во „Касандра“
- Детали
- недела, 05 јули 2026
Иако остарен, популарниот Игнасио од „Касандра“ се грижи за својата фигура, често споделува фотки и видеа од своите тренинзи, но и од разголеното тело, се гфали со покажува мускулите и во долна облека или гаќички за капење.

Актерот Освалдо Риос, кого публиката го засака со улогата на Игнасио во венецуелската теленовела „Касандра“, во октомври 2026 ќе полни 66 години.
Тој одамна е во седмата деценија од животот, но „не им се дава“ на годините. Освалдо постојано вежба и има извајано мускулесто тело, со кое се фали на социјалните мрежи.

На Инстаграм често споделува фотки и видеа од своите тренинзи, но и од разголеното тело, па ги покажува мускулите и во долна облека и во гаќички за капење.
Актерот, кој е татко за три деца, и кој во младоста беше во врска со Шакира, и денес изгледа подеднакво добро како во времето кога глумеше во „Касандра“.

Иако остарен, Освалдо се грижи и за својата фигура и за целиот изглед, а тоа го покажа и неодамна кога во Дубаи доби специјална награда, а каде што, 34 години по снимањето на „Касандра“, се сретна со актерката Кораима Торес, која ја глумеше неговата љубов во теленовелата, т.е Касандра.
За приватниот живот не зборува често, но има три пропаднати брака, а откако раскина 4-годишна врска во 2022, за венецуелските медиуми изјави дека се надева дека ќе му се случи вистинска љубов што ќе трае до крајот на животот и дека не се откажува од љубовта никогаш.
