Му ја лансира кариерата на Бред Пит, па го заведе: Бурниот љубовен живот на една од најпознатите актерки од 1990-тите

Првиот брак ѝ се растури откако стана славна, а третиот сопруг доби дете со нејзината лична асистентка. Актерката Џина Дејвис зад себе има четири пропаднати бракови, но и кратка романса со Бред Пит во периодот кога му помогна да се прослави.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-01.jpg

Џина Дејвис е една од актерките што ги одбележаа 1990-тите, но и доцните 1980-ти.

Stuart Little, Thelma & Louise и Beetlejuice се само дел од популарните филмови во кои имаше главна улога.

Актерката уште е активна и периодов е актуелна со серијата The Boroughs, а и во осмата деценија од животот, Џина изгледа предобро.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-14.JPG

Но, покрај талентот и убавината, доста внимание привлекуваше и љубовниот живот на Џина.

По разводот од четвртиот сопруг во 2021-ва, Џина моментално е сингл, а вели дека никогаш повеќе не планира да стапи во брак.

Во 1990-тите, пак, ја поврзуваа со Бред Пит.

Thelma & Louise од 1991-ва е филмот што на Бред му ги отвори вратите во Холивуд, а токму Џина била заслужна за да ја добие улогата.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-10.JPG

Дотогаш, таа веќе беше етаблирана актерка, а самата го избрала Бред улогата во филмот. И, на некој начин, му помогна да си ја лансира кариерата.

Се шпекулира дека по премиерата на филмот, имале кратка врска, но двајцата немаат коментирано за ова.

Сепак, и три децении подоцна, јасно е дека се почитуваат еден со друг.

Низ годините Џина имала низа врски со славни мажи, а четирипати беше во брак.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-17.JPG

Детали за четирите бракови (и разводи) на Џина Дејвис:

Првпат се венча со Ричард Емоло

Во 1978 година, Џина почна да се гледа со Ричард Емоло – сопственик на ресторан од Њујорк, од кого нема фотографија достапна во јавност.

Тие се венчаа во 1981-ва, околу една година по актерското деби на Џина во филмот Tootsie.

Но, Џина се прослави практично преку ноќ, а ова се одразило лошо на нејзиниот брак.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-02.JPG

Животите на Џина и Ричард тргнале во различни насоки, па решиле да се разделат.

Во 1983 година тие се разделија, а следната година го финализираа разводот.

Сепак, останаа во добар однос и низ годините Џина неколкупати има кажувано убави работи за него.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-03.JPG

Беше во брак и со Џеф Голдблум

Во 1985 година, Џина Дејвис работеше на филмот Transylvania 6-5000 со Џеф Голдблум и овој период почнаа врска.

Потоа соработуваа уште на два филма и во 1987 година стапија во брак.

Но, ни овој брак не потраја многу – разводот го финализираа по околу четири години.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-04.JPG

Во неодамнешно интервју, Џина се присети на бракот со Џеф и откри дека се во добри односи:

„Нашата врска беше радосна. Навистина. Тоа беше волшебно поглавје од мојот живот“.

Во 2024-та, пак, актерите заедно застанаа на сцената на доделувањето на SAG наградите.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-05.JPG

Третиот сопруг ја изневери

На почетокот од 1993 година, Џина го запозна режисерот Рени Харлин, почнаа врска и се венчаа по само пет месеци.

Но, тие се соочуваа со финансиски проблеми, а имаа и две соработки кои лошо се одразија на нивниот брак.

Џина се појави во два филма на режисерот од 1995 и 1996 година, а и двата се соочија со ужасни критики и многу ниска заработка.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-06.JPG

Филмовите беа толку лоши, што Џина одлучи да направи мала пауза од актерската кариера.

Додека се справуваше со поразот од филмовите, Џина се соочи со уште еден проблем – нејзината лична асистентка забременила од режисерот и во 1997-ма роди негово дете.

Следниот ден откако дознала за детето, Џина поднела барање за развод.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-07.JPG

Четвртиот брак траеше најдолго

Кратко по третиот развод, Џина почна врска со пластичниот хирург Реза Џарахи.

Направија свадба во 2011 година, а набрзо потоа добија и три деца – ќерка и синови близнаци.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-08.JPG

Џина и Реза беа во брак речиси две децении, кога пластичниот хирург поднесе барање за развод во 2018-та.

Но, тогаш Џина тврдеше дека церемонијата што ја направиле не била склучување на брак.

Па, нивната разделба помина полесно и беше финализирана во 2021-ва.

mu-ja-lansira-karierata-na-bred-pit-pa-go-zavede-burniot-ljuboven-zhivot-na-edna-od-najpoznatite-akterki-od-1990-tite-09.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни дами кои блеснаа по разводот и сега се посреќни од кога било Жизел Бундшен почна нов живот по разводот од Том Брејди – веќе има нов партнер, ...
Дозвола за проститутки, отворен брак: Бизарни брачни договори на славните (кои завршиле со солзи) Иако пробуваат да негираат, Вил Смит и Џејда имаат отворен брак. Но, ова изгледа...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Чудниот брак на Вил и Џејда Пинкет Смит: Во емисија му кажа дека го изневери, живеат одвоено Џејда сподели дека со Вил се разделиле уште во 2016-та, но не сакале да се разве...
Комплицираниот љубовен живот на Џуд Ло: Седум деца од четири жени, афера со дадилка Со сегашната сопруга, Џуд Ло има две деца. Но, тој има и уште две деца од претхо...
Посвоен син, ќерка што го смета за „пијаница“: Кои се (тајните) деца на Ози Озборн? Ози Озборн има дури шест деца, а оние најстарите велат дека бил лош татко бидејќ...

Најчитани неделава