„Чак Бас“ се врати во Empire хотелот, сега со жена и дете – Заводникот се присети на спомените од Њујорк во „Gossip girl“
- Детали
- понеделник, 06 јули 2026
Ед Вествик (39), кој го глумеше Чак Бас во Gossip Girl, го посети Њујорк и престојуваше во Empire хотелот, кој го поседуваше во серијата, а овој пат наместо со Блер, уживаше со својата сопруга и синчето, јадеше пица на парче наместо лускузен бранч и напиша: „Конечно се сретнав со мојот стар пријател, Empire хотелот“.

Фановите на хит серијата која се емитуваше од 2007 до 2012 година, Gossip girl, сигурно уште го немаат заборавено фамозниот, вообразен заводник Чак Бас.
Во серијата, тој го поседуваше хотелот Empire, а во вистинскиот живот, англискиот актер кој го глумеше ликот на Чак, неодамна го посети ова место.

Ед Вествик (39), заедно со својата прекрасна сопруга Ејми Џексон и нивното синче, беа на роденденско патување во Њујорк.
Парот одлучил да отседнат токму во овој хотел, кој на актерот му разбуди емоции и сеќавања од снимањето на серијата.

Ед сподели фотосесија во хотелската соба и напиша:
„Благодарам за роденденските желби. Благодарен сум за уште едно патување околу Сонцето.
И конечно се сретнав со стар пријател... Empire хотелот. 😉
Ти благодарам моја прекрасна сопруго за магичните моменти“.


Актерот сподели и видео со моменти од нивното патување во Њујорк, прошетка низ градот и знаменитостите, следење во живо фудбалски натпревар на Светското првенство, возење со велосипед и напиша:
„Омилени моменти со омилените луѓе. Ти благодарам Њујорк. Благодарам ФИФА, благодарам Англија. Ќе се вратам пак“.









М. М. | Црнобело