Користи приватен авион за само 6km, ја тужат за плагијати: Најголемите контроверзии на Тејлор Свифт
- Детали
- сабота, 04 јули 2026
Тејлор Свифт е критикувана бидејќи често користи приватен авион со што предизвикува огромно загадување – нејзиниот најкраток лет траел само 40 секунди. Исто така, низ годините се соочила со неколку тужби за плагијат, а познат музичар тврди дека таа воопшто не си ги пишува текстовите како што вели.

Можеби вие не ја слушате нејзината музика, но моментално нема попозната и повлијателна пејачка од Тејлор Свифт.
Како доказ за нејзината популарност е и фактот дека Тејлор е една од малкуте музичари кои се милијардери. Воедно таа е и првиот музичар во светот кој станал милијардер само преку својата музика и настапите во живо.
Само со нејзината последна турнеја Тејлор заработи една милијарда долари и си го дуплира богатството.
Тејлор премногу се грижи за својот имиџ во јавност и некако успеа да ги скрие и сите детали за нејзината свадба.
Но, иако сака да се претставува како добра девојка, низ годините и таа се соочувала со контроверзии.
Дел од најпознатите во продолжение:
Контроверзниот спот за песната Anti-Hero
Во 2022 година, Тејлор Свифт самата го режираше спотот за песната Anti-Hero за кој сподели дека е многу личен.
Но, една сцена од спотот предизвика многу контроверзии. Тејлор застанува на вага, а наместо броеви, на неа е испишан зборот „дебела“.
Сцената предизвика жестока дебата онлајн. Некои сметаат дека со сцената Тејлор ја прикажува нејзината битка со нарушување во исхраната.
Но, други ја гледаа сцената како многу навредлива.
На крај, по неколку денови, спотот беше изменет и сцената беше отстранета.
Низа тужби за авторски права
Во 2022 година, поетеса ја тужеше Тејлор Свифт бидејќи, според неа, пејачката ископирала нејзина поетска книга насловена Lover за албумот Lover од 2019-та.
Според тужбата, Тејлор и нејзиниот тим го искористиле дизајнот на книгата, но и дел од содржината за албумот на пејачката.
Во 2023-та случајот одеднаш бил отфрлен откако адвокатскиот им на Тејлор излегол со тврдење дека тужбата немала никаква основа.
Претходно Тејлор беше тужена и за песната Shake it Off според текстописци кои сметаат дека текстот е „украден“ од нивна песна – Playas Gon‘ Play.