Користи приватен авион за само 6km, ја тужат за плагијати: Најголемите контроверзии на Тејлор Свифт
Тејлор морала да се соочи со порота и тврдела дека потполно сама го напишала текстот, како и дека пред тужбата немала ни слушнато за песната.
Критики за нејзиниот приватен авион
Тејлор Свифт е позната и по тоа што обожава да лета со нејзиниот приватен авион.
Проблемот е што приватните авиони придонесуваат за зголемената емисија на јаглероден диоксид, па кога Тејлор користи цел авион само за себе, прави навистина голема штета.
Пејачката беше критикувана и бидејќи користи авион за навистина мали растојанија. На пример, нејзиниот најкраток лет во 2022 година траел едвај 36 минути.
Но, од пред некоја година се шпекулира дека пејачката имала лет што траел само 40 секунди, за растојание од околу шест километри.
Тејлор лично не одговара критиките, но нејзин портпарол има изјавено дека таа не е единствената што го користи нејзиниот авион:
„Тејлор редовно го изнајмува нејзиниот приватен авион. Погрешно е да се тврди дека сите регистрирани летови се за неа“.
Обвиненија дека лаже за нејзините текстови
Фановите на Тејлор Свифт се убедени дека таа самата си ги пишува текстовите, а и Тејлор го тврди ова.
Но, во 2022 година, фронтменот на Blur, Дејмон Албарн, изјави дека пејачката не си ги пишува текстовите сама.
Тејлор веднаш се огласи на Твитер:
„Дејмон Албарн, бев твој огромен фан додека да го видам ова. Јас ги пишувам сите мои песни. Твоето тврдење е лажно и многу штетно.
Не мора да ти се допаѓаат моите песни, но не е во ред да ме обвинуваш дека не ги пишувам сама.
ПС: И твитов го напишав сама, во случај да не знаеше“.
Драмата со Канје Вест
Во 2016 година, Канје Вест издаде песна, Famous, во која ја спомнува Тејлор Свифт и нивниот заладен однос, притоа истакнувајќи дека тој ја направил славна.
Истата година, на доделувањето на Греми наградите, Тејлор суптилно го спомна конфликтот:
„По патот ќе сретнете луѓе кои ќe пробаат да ви го поткопаат успехот или да бараат признание за вашите достигнувања или вашата слава“.
Потоа во драмата се вклучи и Ким Кардашијан која тогаш беше во брак со Канје.
Според неа, Тејлор Свифт се согласила да биде спомната во новата песна на Канје, а потоа сподели и дел од разговорот на пејачката и раперот.
Четири години подоцна, беше објавен целиот разговор и Тејлор навистина се согласува да биде спомната во песната на Канје, без разлика што го тврди спротивното.
Па, јавноста почна да ја нарекува „змија“ бидејќи лажела.
Спирова С. | Црнобело