Со билборд открија дека си кажале „ДА“, ги венча Адам Сендлер - Тејлор Свифт направи екстравагантна свадба во Њујорк

Досега во јавноста не „протече“ ниту една фотка од парот од самата венчавка, но се знае дека невестата носела венчаница од Dior, дополнета со накит од Cartier. Гостите, пак, со автомобили влегуваа низ шатор за да се скријат од фотографите, а дури потоа излегуваат за да отидат во салата. 

so-bilbord-otkrija-deka-si-kazhale-da-gi-vencha-adam-sendler-shto-znaeme-za-ekstravagantnata-svadba-na-tejlor-svift-01.jpg

Една од најголемите светски музички ѕвезди, Тејлор Свифт се омажи за својот сакан, рагбистот Тревис Келси, околу една година по свршувачката.

Свадбата на деценијата, како што ја нарекуваат многумина, истовремено е и најекстравагантната и најтајна свадба, зашто досега во јавноста не „протече“ ниту една фотографија од парот од самата венчавка.

so-bilbord-otkrija-deka-si-kazhale-da-gi-vencha-adam-sendler-shto-znaeme-za-ekstravagantnata-svadba-na-tejlor-svift-12.jpg

Сепак, она што се знае е доволно да ја квалификува како свадба каква што досега немало кај светскиот џет сет.

Тејлор и Тревис, наводно, веќе направиле интимна венчавка, а свадбената прослава, која се одржува во викендот на 4 јули (Денот на независноста на САД), е само забава за нивните пријатели.

so-bilbord-otkrija-deka-si-kazhale-da-gi-vencha-adam-sendler-shto-znaeme-za-ekstravagantnata-svadba-na-tejlor-svift-10.jpg

Американските медиуми објавија фотки од светлечки билборди од пред спортската арена Медисон Сквер Гарден, на кои се појави натпис дека Тејлор и Тревис се венчале.

Неофицијално, актерот Адам Сендлер ја водел церемонијата, наместо свештеник, а невестата носела венчаница со потпис на Dior, иако се шпекулираше дека ќе избере фустан од Стела Макартни или креација од Донатела Версаче.

so-bilbord-otkrija-deka-si-kazhale-da-gi-vencha-adam-sendler-shto-znaeme-za-ekstravagantnata-svadba-na-tejlor-svift-06_copy.jpg

Изгледот на Тејлор бил дополнет со накит од Cartier и чевли од Christian Louboutin.

На свадбата имало околу 1000 гости, кои не смееле да објавуваат ништо од свадбата, а наводно и сите поврзани со обезбедувањето и работата на свадбата потпишале договор со кој се обврзуваат да молчат.

so-bilbord-otkrija-deka-si-kazhale-da-gi-vencha-adam-sendler-shto-znaeme-za-ekstravagantnata-svadba-na-tejlor-svift-08.jpg

Меѓу гостите беа и Бредли Купер, Ед Ширан, Камила Кабело, режисерот Стивен Спилберг, актерот Итан Хок и многу други.

Гостите во арената пристигнуваа во црни автомобили со затемнети стакла, поминуваа низ црн шатор, а дури потоа излегуваа за да влезат во салата во која се одржа свадбата.

Во јавноста се појавија шпекулации дека Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли, кои беа блиски пријатели на Тејлор, сепак не се меѓу поканетите гости.

Медиумите најавија и дека Тревис и Тејлор ќе потпишат предбрачен договор бидејќи богатството на рагбистот изнесува 90 милиони долари, но пејачката „тежи“ околу 2 милијарди и е најбогатата пејачка на светот.

so-bilbord-otkrija-deka-si-kazhale-da-gi-vencha-adam-sendler-shto-znaeme-za-ekstravagantnata-svadba-na-tejlor-svift-11.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Само Адам Сендлер може да оди со тренерка на премиера – ги покажа сопруга и ќерките, едната копија н... Адам Сендлер уште еднаш покажа дека е автентична „стилска икона“ - само тој може...
Го бодри кога снима љубовни сцени со колешки, ја смени религијата за него: Детали за бракот на Адам ... Адам Сендлер има изјавено дека кога снима сцени со бакнување, сопругата го мотив...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Беше тинејџерска ѕвезда, сега е бездомник: Како актерот Тејлор Чејс заврши на улица (и зошто блискит... Со искината облека, валкана коса и многу слаб изглед, актерот Тејлор Чејс кој бе...
Користи приватен авион за само 6km, ја тужат за плагијати: Најголемите контроверзии на Тејлор Свифт Тејлор Свифт е критикувана бидејќи често користи приватен авион со што предизвик...

Најчитани неделава