Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Грејс од Монако“ го отвори 67-от Кански филмски фестивал

Со долгонајавуваната премиера на контраверзната приказна за принцезата Грејс Кели, филмот„Грејс од Монако“ го отвори 67-от по ред Кански филмски фестивал.

grejs-od-monako-go-otvori-67-kanski-filmski-festival-01

Овој филм на Оливије Дан и со Никол Кидман во главната улога на Грејс Кели, предизвикуваше контраверзии уште пред неговото прикажување.

Семејството на принцезата од Монако го обвинуваше режисерот дека ја украл семејната историја и наместо да зборува за нејзината кариера, тој навлегува и во нејзиниот приватен живот.

Премиерата не ги воодушеви присутните, но не предизвика ниту некои преголеми негативни реакции и забелешки.

 Покрај овој филм, годинава ќе бидат прикажани 18 филмски премиери кои долго се најавуваа и ќе се борат за Златната палма.

Како и секоја година, Канскиот филмски фестивал е централно место за собирање светската филмска и џет-сет елита, па така и годинава може да се забележат едни од најголемите филмски имиња, меѓу кои се среќаваат и актери и режисери.

Она што е значајно за нас е што на 20. мај ќе бидат прикажани и две македонски премиери на филмовите „До Балчак – Приказна од Дивиот Исток“ на Столе Попов и „Деца на сонцето“ од Антонио Митриќески.

За Златната палма ќе се борат 18 филмски дела на легендарни режисери како: Мајк Ли, Дејвид Корненберг, Жан Лик Гордар, Кен Лоуч и други. Жирито кое ја прави селекцијата е предводено од Џејн Кампион која е единствената жена што ја има освоено Златната палма во 1993 година за филмот „Клавир“.

Со нетрпение се очекува и премиера на режисерското деби на Рајан Гослинг со филмот „Lost river“ во селекцијата Извесен поглед.

Дивата Софија Лорен ќе биде почесна гостинка за време на програмата Филмски класици.

Ни претстои уште едно елитно филмско уживање.

Погледнете го треилерот од филмот кој го отвори овогодинешниот Кански филмски фестивал:

Би можело да ве интересира:

Истата жена редар двапати направи скандал на Кански фестивал: По Кели Роланд, туркаше актерка на црв... „Имаше и други жени што се појавија на тој црвен тепих, но не добија прекор и не...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
Контроверзна венчавка, арогантно однесување: Како Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли станаа најомразениот... Се венчаа на поранешна плантажа со робови, и двајцата имале бројни конфликти со ...
Кели Роланд направи скандал на Канскиот филмски фестивал: Вика на црвениот тепих, ѝ се заканува на ж... Откако пред неколку месеци демонстративно стана и си замина од интервју во живо,...
Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Три пропаднати бракови, 20 години помлада девојка: Каде е и што прави денес детето од филмот „E.T.“? Хенри Томас – актерот кој го глуми детето од E.T. – има 53 години и иако се држи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg