Кендис Сванапул е најубавата на Maxim листата од 100 познати жени
- Детали
- петок, 23 мај 2014
Според американскиот магазин Maxim кој секоја година прави листа на стоте најубави жени во светот на познатите, Кендис Сванапул е на првото место.

До лани ја немаше ниту меѓу првите 5, а оваа година е на самиот врв, отфрлајќи ја Мајли Сајрус дури на 25-тото место.
Еден од најубавите ангели на Victoria’s Secret заслужено ја понесе титулата за најубава жена, според гласовите на публиката.
Покрај неа, на второто место е сексапилната глумица Скарлет Јохансон, а на третото е пејачката Кети Пери.
Таа е среќна што е избрана за најубава покрај толку многу атрактивни и талентирани славни девојки.
Ова е листата со првите 10:
1.Кендис Сванапул

2. Скарлет Јохансон

3. Кети Пери

4. Ирина Шајк

5. Џенифер Лоренс

6. Зои Дешанел

7. Алесандра Амбросио

8. Џесика Алба

9. Мила Кунис

10. Кара Делевињ
