Последен поздрав за Робин Вилијамс кој го разнежни светот (фото)

Светот на филмот изгуби врвен комичар кој засмејуваше повеќе десетици илјади луѓе ширум светот, но го докажа талентот и со неколку сериозни улоги од кои едната му донесе и Оскар.

posleden-pozdrav-za-robin-wiliams-koj-go-raznezni-svetot-01

Академијата на филмска уметност се поздрави со глумецот Робин Вилијамс кој вчера беше пронајден мртов, преку твитот кој разнежни многумина:

„Духу, слободен си!“, со фотографија од цртанот Аладин, каде тој го позајмува гласот на духот кој излегува од волшебната ламба.

posleden-pozdrav-za-robin-wiliams-koj-go-raznezni-svetot-1.jpg

Ќерката на Робин, на која тој ѝ ја посвети својата последна Инстаграм објава, го цитирала Антоан де Сент Егзипери , како последна порака до нејзиниот татко.

„Ти ќе ги имаш ѕвездите, како што никој друг ги нема. Во една ѕвезда ќе живеам јас. Во една ќе ти се смеам. Ќе изгледа како сите ѕвезди да ти се смеат кога ќе го погледнеш небото. Ти, само ти ќе имаш ѕвезди што можат да се смеат“ – напишала на Твитер.

posleden-pozdrav-za-robin-wiliams-koj-go-raznezni-svetot-2.jpg

Неколку дена претходно му го честитала Денот на татковците, објавувајќи фотографија од неговиот најпопуларен филм каде тој ја глуми дадилкатa, Mrs. Doubtfire.

posleden-pozdrav-za-robin-wiliams-koj-go-raznezni-svetot-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Холивудски ѕвезди што ги следи „оскаровската клетва“: Уништени кариери, семејни проблеми Откако двапати освои Оскар за најдобра актерка во главна улога, Хилари Свонк не ...
„Бев една од жртвите на Р. Кели, раперот полош и од Диди – од 13 години ме држеше како робинка, тетк... Решона Ландфер е една од многуте жртви на Р. Кели и вели дека раперот почнал да ...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
Од анонимен статист, до ѕвезда што ја освои и Зендеја: Како Џејкоб Елорди стана најпосакуваниот ерге... Во период од само неколку години, Џејкоб Елорди стана еден од најбараните холиву...
Пиела алкохол од 14 години, имаше нервен слом во јавност – Како изгледа денес Миша Бартон, откако се... По големата слава во „Округот Оринџ“ западна во проблеми со алкохол и дрога, има...
Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...

Најчитани неделава