Каде се и што прават денес ѕвездите на „Beverly Hills“?

Оние кои растеле во деведесеттите веројатно ја гледале култната тинејџерска серија „Beverly Hills“која го прикажуваше животот на младите и богати средношколци со посебен акцент на Бренда и Брендон Волш кои се обидуваа да се снајдат во новата средина.

kade-se-i-sto-pravat-denes-zvezdite-na-beverly-hills-01

Иако по завршувањето на серијата ретко кој од главните глумци оствари некоја позначајна улога, сепак неможе така лесно да се заборават, па одвреме навреме се прашуваме каде се и што прават.

Шенон Доерти (Бренда Волш)

Иако беше една од централните ликови како сестра близначка на Брендон и вљубена во Дилан, Шенон ја напушти серијата по 4 сезони, а причината наводно е нејзината непрофесионалност. По заминувањето од серијата Шенон немаше некоја позначајна улога освен во серијата „Волшебнички“ и улогата во „Jay and Silent Bob Strike Back“.

И денес, 43-годишната актерка  се појавува во некои телевизиски филмови и серии.

kade-se-i-sto-pravat-denes-zvezdite-na-beverly-hills-1.jpg


Џејсон Присли (Брендон Волш)

Добриот и праведен Брендон Волш колку што имаше фанови, толку имаше и такви на кои им одеше на нерви. Но, во серијата беше омилен , па околу него се плеткаа и Кели и Андреа.

По „Beverly Hills“ немаше некои значајни улоги, а моментално ја снима 4-тата сезона од хумористичната серија „Call me Fitz“. Неодамна тој ја објавил и својата автобиографија „Jason Priestly: A Memoir“.

kade-se-i-sto-pravat-denes-zvezdite-na-beverly-hills-2.jpg


Лук Пери ( Дилан МекКеј)

Иако во текот на емитувањето на серијата , тивко патеше по Бренда Волш, сценаристите на крај го споија со Кели. Во секој случај, Дилан беше најпроблематичниот лик во серијата. Се бореше со алкохолот и со бројни други пороци.

Кариерата после „Beverly Hills“ не му беше нешто посебно успешна, но се појави и во сериите како „Jeremiah“ и сосем солидната серија на HBO „John From Cincinnati“ која е укината по емитувањето на првата сезона. Се има појавено на неколку секунди и во „Петтиот елемент“.

kade-se-i-sto-pravat-denes-zvezdite-na-beverly-hills-3.jpg


Џени Гарт (Кели Тејлор)

Убавата и размазена богаташка Кели, беше еден од омилените ликови па се појавуваше во сите десет сезони на серијата. Но, кариерата не ја продолжи со некој посебен успех, а денес како и Тори Спелинг снима реално шоу за својот живот.

Помеѓу останатото има глумено и во „Mystery Girls“ каде глуми со Тори Спелинг.

kade-se-i-sto-pravat-denes-zvezdite-na-beverly-hills-4.jpg


Уште 4 ликови од култната серија на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Ѝ го исцица богатството, па ја остави на улица – Тори Спелинг за првпат искрена зошто не се развела ... Јавна тајна во Холивуд беше дека тој се ожени заради милионите на татко ѝ, но от...
„Викторија ме натера да го побарам Дејвид, го фатив како нѐ изневерува и двете“ - Љубовницата на Деј... „Влегов во куќата, се качив по скалите и ги видов двајцата телохранители на Дејв...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Одат заедно на одмори и спијат во ист кревет – Како Бруклин Бекам се најде во брак во тројка? Селена Гомез на шега вели дека и нејзиното име треба да биде вметнато во венчани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg