Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сите лица на Моника Белучи: Заводливост која никој не успеал да ја надмине (фото)

На 30. септември веќе ќе наполни 50 години, а она што сè уште е нејзин заштитен знак е неверојатната убавина. Италијанската глумица за 24 години од филмската кариера оствари голем број на филмови, а успеала со својата убавина и сексапил да се издвои од останатите.

site-lica-na-monika-beluci-zavodlivost-koja-nikoj-ne-uspeal-da-ja-nadmine-foto-001

Низ фотографиите може да се запознаете со посебната убавина на Моника Белучи или да споделите ваша омилена фотографија од  неа.

Сè почна во 1990 година со филмот „Живот со синовите“ и улогата на Елда. Според мислењето на многумина, со совршеното лице и неодоливото женско тело  не можеше да ја избегне титулата на секс симбол, но за разлика од многу други со тој епитет, никогаш не делувала наметливо.

Од филмовите „Оние кои сакаат“, „Малена“, „Матрикс 3“ во 2005 година дојде до филмот „Колку ме сакаш“. Во улогата на Даниела заведе многумина, лесно и на свој начин.

Кога ѝ е доделена улогата на Клеопатра во 2002 година во филмот „Астерикс и Обеликс“ за многумина тоа беше најлогичната и најсоодветна улога за неа. Кралицата на сексапилот стана кралица на филмското платно.

И додека многумина фантазираа за убавата Моника, нејзиниот колега Венсан Каселу во 1999 година се реши да се ја побара за жена.

Парот кој многумина во Холивуд го гледаа како парот на убавицата и ѕверот, добија и две ќерки Дева и Леона.

Најубавата насловна страница на Моника Белучи беше онаа на која позира со ќерката.

Минатата година Моника се разведе од Венсан, а некои медиуми како причина ја наведуваа нејзината врска со азербејџанскиот бизнисмен Телман Исмаилов.

Една од најубавите жени во светот веќе неколку месеци во Србија го снима новото остварување на Емир Костурица, филмот „На млечен пат“.

Веќе ја започнува и шестата деценија од својот живот, а изгледа прекрасно, заводливо и сексапилно како на почетокот на кариерата.

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...
Бјанка Сенсори (30) се прошета речиси гола, по танга боди, во Шпанија - по новите скандали на Канје ... И додека Канје Вест изнесува лажни обвиненија против бившата Ким Кардашијан во в...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg