Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Тамара Тодевска му кажа „Да“ на Мачка

Една од нашите најдобри и најпопуларни пејачки на македонската сцена со повеќе мегахитови во последниве 2 години, Тамара Тодевска, викендов кажа „Да“.

tamara-todevska-mu-kaza-da-na-macka-01

Откако пред извесно време ја призна неколкумесечната врска со поранешниот кошаркар на Работнички и еден од сопствениците на ресторанот „Атланта“, викендов во ТЦЦ Плаза тој ја побара за жена, а таа го кажа најзначајното судбоносно „Да“.

Нејзината среќа и вљубеност ја сподели и на социјалните мрежи каде постојано ѝ стигнуваат честитки.

По официјалното запросување забавата продолжи во неговиот ресторан, каде пристигнуваа сите нивни пријатели, меѓу кои и дел од познатите како: Калиопи, Зоки Бејбе, Влатко Илиевски, Катерина Ивановска и многу други.

Засега се знае дека најверојатно кум ќе биде нашиот кошаркар Перо Антиќ, кој му е најдобар пријател на Александар Димитриевски – Мачка и ко-сопственик на ресторанот „Атланта“, а старосватица ќе биде најдобрата другарка на Тамара, Александра Сандра.

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Ќерката на најсмешниот човек на светот, Мистер Бин, за несреќната младост: „Бев изгубена и со растур... „Тешко е да се пронајдеш себеси кога немаш пријатели и имаш распаднато семејство...
Тамара Тодевска ги испрати децата на училиште, по враќањето од одмор со саканиот Лука и целото семеј... Партнерот на Тамара постојано е дел од сите семејни собири, па така беше и со од...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg