Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ким сакаше да ја посвои, но таа одби: Да живеам со Ким Кардашијан? Не, фала!

13-годишното девојче кое живее во колективно сместување во Тајланд ја одби понудата да живее со најбогатата старлета.

devojceto-koe-kim-sakase-da-go-posvoi-ja-odbi-ponudata-da-ziveam-so-kim-kardashian-ne-fala-01.jpg

По посетата на Тајланд, Ким Кардашијан го посетила местото каде живеат настраданите од цунами и многу брзо се зближила со 13-годишното девојче Пинк.

„Буквално не можам да престанам да размислувам за неа. Му реков на мојот сопруг колку е слатка и драга и дека би сакала да ја посвојам,“ раскажува Ким.

devojceto-koe-kim-sakase-da-go-posvoi-ja-odbi-ponudata-da-ziveam-so-kim-kardashian-ne-fala-04.jpg

Меѓутоа, таа се откажа од идејата затоа што нејзиниот адвокат тврдел дека процедурата е премногу комплицирана и би траела со години.

Но, британскиот Daily Mail има нови тврдења - девојчето без размислување ја одбило понудата да живее во луксуз со Ким Кардашијан.

Малата Пинк живее во заедница и дели соба со уште 5 девојчиња, а останала сама откако нејзината мајка не можела да се грижи за неа.

devojceto-koe-kim-sakase-da-go-posvoi-ja-odbi-ponudata-da-ziveam-so-kim-kardashian-ne-fala-05.jpg

Таа признава дека се тресела од среќа кога открила дека ќе ја запознае Ким Кардашијан:

„Секој за себе сака подобар живот или барем поинаков од оној што го води. Но кога добро размислив, сфатив дека за мене не би било подобро да живеам со Ким. Тука има многу деца кои живеат во сиромаштија, но можеби така е подобро,“ признала Пинк.

„Мислам дека е прекрасна и многу мила. А и ми се допадна да бидам на телевизија,“ додава девојчето кое го одби животот со најпознатата и најбогата старлета.

devojceto-koe-kim-sakase-da-go-posvoi-ja-odbi-ponudata-da-ziveam-so-kim-kardashian-ne-fala-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Бјанка Сенсори (30) се прошета речиси гола, по танга боди, во Шпанија - по новите скандали на Канје ... И додека Канје Вест изнесува лажни обвиненија против бившата Ким Кардашијан во в...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg