Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Снимена е првата емисија на „Х-фактор Адриа“. Што коментираат судиите?

На простор од околу 1800 метри квадратни, проектот „Х-фактор“ го реализираат околу 160 луѓе, се снима со 13 камери во систем и 9 EMG камери, а сценографијата и визуелниот ефект се работат исклучиво по лиценца.

pocna-snimanjeto-na-x-faktor-adria-sto-komentiraat-sudiite-01

Оваа година на балканско ниво ќе се одржи втората сезона на „Х-фактор Адриа“. Учествуваат натпреварувачи од сите 6 поранешни југословенски републики.

Изминатиот период беа одржани аудиции во сите земји, а избраните кандидати се поделени по групи, денови, емисии кога ќе настапуваат пред 4-членото жири, во состав од: Жељко Јоксимовиќ, Масимо Савиќ, Тончи Хулиќ и Александра Ковач.

Принципот на настапи и гласање останува ист, сите пеат по една песна по сопствен избор, членовите на жирито коментираат и гласаат. За да помине кандидатот во следниот круг, потребно е да има 3 или 4 гласови.

Првата емисија веќе е снимена, а ќе се емитува во март. Сите од жирито се возбудени и едвај чекаат да го пронајдат новиот Х-фактор.

Александра Ковач се радува на менторската улога која ѝ е дадена и едвај чека да почне фазата во која ќе може одделно да работи со својата група натпреварувачи.

Жељко Јоксимовиќ е среќен што повторно е дел од жирито на Х-фактор и се надева дека овогодинешниот победник ќе успее да ја достигне светската слава, како што тоа им се случува на оние кои победуваат во другите региони.

Масимо Савиќ е љубопитен да открие дали навистина има некој што толку многу ќе плени на сцената.

Тончи Хулиќ, пак, изјави дека нема да биде строг, туку спонтан и природен, каков што е, со надеж дека навистина ќе откријат нешто неслушнато досега.

Би можело да ве интересира:

Џесика Симпсон пред развод, откако го надмина алкохолизмот: „Хистерична е и опседната со пластични о... „Сопругот на Џесика, Ерик, постојано кажува колку е тешко да се живее со личност...
Инстаграм vs. реалност: Како навистина изгледаат славните дами во костим за капење? Алесандра Амбросио, Софија Вергара и Џеј Ло имаат совршени тела, но во бикини, б...
Кристина Агилера непрепознатлива откако ослабе 22kg: „Изгледа нездраво, мускулите ѝ се атрофирани“ Поради драстичната трансформација, Кристина Агилера ги разгоре гласините дека и ...
„Тој е чуден!“ - Дејвид Бекам се обидува да ја бакне ќерка си Харпер (13), таа се трга - видео потти... „Што се случува? Навистина несоодветно однесување!“ коментираат дел од фановите ...
Ја гледа вљубено, постојано ја држи за рака: Кијану Ривс на романтичен ручек со девојка му Александр... На последните папарацо фотки, Кијану Ривс и девојка му Александра изгледаат повљ...
Том Круз (61) се соблече и покажа како навистина изгледа неговото тело – Гласини дека правел липосук... „Испуштената кожа на Том Круз може да биде знак дека правел липосукција“ – тврди...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg