Том Круз (61) се соблече и покажа како навистина изгледа неговото тело – Гласини дека правел липосукција

„Испуштената кожа на Том Круз може да биде знак дека правел липосукција“ – тврди естетски хирург, откако фотките на кои актерот е без маичка станаа хит на социјалните мрежи. Дали неговиот изглед е поради возраста или, пак, естетска процедура?

tom-kruz-61-se-sobleche-i-pokazha-kako-navistina-izgleda-negovoto-telo-glasini-deka-pravel-liposukcija-01.jpg

Некогаш важеше за огромен заводник кој гордо ги покажуваше своите извајани стомачни мускули, но на најновите папарацо фотки од Шпанија може да се забележи дека Том Круз не е имун на времето и годините.

Тој навлезе во седмата деценија од животот, а иако се труди да се скрие, видливо е дека годините оставиле трага врз неговото тело и дека никој не може да се бори со времето и промените што ги носи.

Актерот кој во моментов работи на снимањето на филмот Mission Impossible 8, викендов зеде пауза за да се одмори на плажа во Мајорка, а фотките на кои позира гол и без маичка станаа хит на социјалните мрежи.

tom-kruz-61-se-sobleche-i-pokazha-kako-navistina-izgleda-negovoto-telo-glasini-deka-pravel-liposukcija-02.jpg

На фотките се гледа дека иако актерот има стомачни, мака мачи со испуштена кожа на стомакот и околу папокот.

Доктор Дејвид Хил од Чикаго даде изјава за Daily Mail и рече дека според него, изгледот на телото на Том најверојатно е резултат на липосукција, односно процедура за отстранување на масното ткиво од стомакот.

„Кога правите липосукција, затоа што станува збор за брза постапка, телото нема време да се 'собере'...

Па така, испуштената кожа на Том Круз може да биде знак за ваква процедура“ – вели тој.

tom-kruz-61-se-sobleche-i-pokazha-kako-navistina-izgleda-negovoto-telo-glasini-deka-pravel-liposukcija-03.jpg

Според него, и покрај видливите знаци, јасно е дека процедурата  била успешна, затоа што може да се види дека под испуштената кожа сѐ уште ѕиркаат извајаните стомачни мускули на актерот.

tom-kruz-61-se-sobleche-i-pokazha-kako-navistina-izgleda-negovoto-telo-glasini-deka-pravel-liposukcija-04.jpg

Според други лекари, пак, не мора да значи дека Том имал липосукција, туку само се гледа дека старее и неговата кожа ја загубила еластичноста.

„Посебно кај мажите може да се случи кожата во пределот околу градите, под градите, околу ребрата и стомачните мускули да ја загуби еластичноста“ – тврди д-р Хауард Собел од Њујорк.

tom-kruz-61-se-sobleche-i-pokazha-kako-navistina-izgleda-negovoto-telo-glasini-deka-pravel-liposukcija-06.jpgТом Круз во 2010

Со најновите фотки, Том Круз ги подгреа гласините за козметичките процедури, иако во минатото тврдеше дека неговата извајана фигура се должи на големиот број спортски активности со коишто се занимава.

Погледнете повеќе фотки од Том Круз во галеријата:

Б. С .Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Детали за мистериозната смрт на актерот од „Маска“: Имал многу повреди на телото, го поврзуваат со о... Питер Грин, актерот што го глуми негативецот во „Маска“, минатата недела беше пр...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...
Најсексапилниот актер од 1980-тите без заби и со валкан блузон – Мики Рурк загрижува со изгледот Откако беше избркан од куќата во којашто живееше бидејќи не плаќал кирија, Мики ...
Том Круз мисли дека разводот на бившата Никол Кидман ѝ е карма: „Таа го исмеваше Том кога се раздели... „Карма“ – кратко и јасно кажал Том Круз за разводот на бившата Никол Кидман од К...
По болно раскинување, неколку години е сингл: Зошто таинствениот Мајкл Б. Џордан бега од љубов? „Тазе“ оскаровецот Мајкл Б. Џордан е сингл од 2022-ра, откако раскина двегодишна...
Ентони Хопкинс со вознемирувачки откритија за алкохолизмот: „Ја напуштив ќерка ми, ѓаволот се крие в... Ентони Хопкинс нема допрено алкохол веќе 50 години, но додека да се ослободи од ...

Најчитани неделава