Нема потреба од ботокс откако ја држи строгата диета на Дејвид Бекам – Што прави Том Круз (59) за да биде во топ форма?

Возење кајак, истражување пештери, мечување, трчање на лента, диета со само 1.200 калории и понекогаш ботокс… Ова се само дел од тајните на Том Круз што му помагаат и на прагот на шестата деценија да биде во топ форма.

nema-potreba-od-botoks-otkako-ja-drzhi-strogata-dieta-na-dejvid-bekam-shto-pravi-tom-kruz-59-za-da-bide-vo-top-forma-01.jpg

За Том Круз велат дека е последната голема ѕвезда на Холивуд. Познат е по тоа што знае да остане со часови со својата публика на црвениот тепих, а особено внимава и на својот изглед заради што и на 59 години може сè уште да снима врвни акции.

nema-potreba-od-botoks-otkako-ja-drzhi-strogata-dieta-na-dejvid-bekam-shto-pravi-tom-kruz-59-za-da-bide-vo-top-forma-02.jpg

Кога првиот дел од светски познатиот филм Top Gun беше објавен во 1986-та година Том Круз беше млад 24-годишен актер на почетокот на својата кариера.

Во тој период Том воопшто не сакал да ја прифати улогата, но по шест „Невозможни мисии“, две продолженија на Top Gun ,Том Круз е препознатлив херој во акциски филмови, а сите се изненадени од фактот што и на прагот од седмата деценија од животот тој сам ги изведува каскадерските сцени и нема намера да користи двојници.

Прашањето е на што се должи неговата топ форма? Дали е резултат на извонредната работна етика, посебниот режим за вежбање или строго утврдената диета?

Одговорот е дека сите три причини во голема мера помагаат актерот да го одржи младешкиот изглед и да изгледа како времето да застанало.

Неодамна актерот беше забележан со видно деформирано лице заради што многумина сметаа дека користел ботокс, но на премиерата на Top Gun: Maverick, актерот изненади со својот природен изглед.

nema-potreba-od-botoks-otkako-ja-drzhi-strogata-dieta-na-dejvid-bekam-shto-pravi-tom-kruz-59-za-da-bide-vo-top-forma-03.jpg

Кои вежби ги користи за да може да ги извршува сам каскадерските движења?

Во една прилика го прашаа Том Круз кои вежби ги прави за да остане во топ форма, а тој одговори:

„Возам кајак, истражувам пештери, мечувам, трчам на лента, кревам тегови, се качувам по карпи, печашам, трчам… Значи правам толку различни активности“.

nema-potreba-od-botoks-otkako-ja-drzhi-strogata-dieta-na-dejvid-bekam-shto-pravi-tom-kruz-59-za-da-bide-vo-top-forma-04.jpg

Доволно е само да погледнеме некој од неговите филмови и да сфатиме дека тој навистина е физички подготвен за сите овие активности, а според Men’s Health тајната на добриот изглед се крие токму во разновидноста на неговите активности.

„Редовната промена помеѓу кардиовежби и вежби за зајакнување со спортови како мечување или качување по карпи, овозможуваат тој да ги задржи флексибилноста на телото и балансот, а тоа се првите две работи што ве издаваат колку години имате“ – се вели во текстот.

nema-potreba-od-botoks-otkako-ja-drzhi-strogata-dieta-na-dejvid-bekam-shto-pravi-tom-kruz-59-za-da-bide-vo-top-forma-14.jpg

Диетата на Дејвид Бекам со само 1.200 калории

Том Круз во последниот период се придржува до диетата на славниот фудбалер Дејвид Бекам според која внесува само по 1.200 калории дневно и која се состои само од печена храна на скара и воопшто не консумира јаглехидрати.

nema-potreba-od-botoks-otkako-ja-drzhi-strogata-dieta-na-dejvid-bekam-shto-pravi-tom-kruz-59-za-da-bide-vo-top-forma-06.jpg

Според мислењето на лекарите што тимот на Men’s Health ги консултирал, со оваа диета можеби изгледа дека актерот се изгладнува себеси, но токму таа е неговиот еликсир на младоста.

„Јаглехидратите генерираат инсулин, хормонот за стареење. Тие стануваат гликозни молекули во телото, што ги оштетуваат мускулните и ткивото на кожата што предизвикува стареење“ – вели доктор Пол Клејтон.

nema-potreba-od-botoks-otkako-ja-drzhi-strogata-dieta-na-dejvid-bekam-shto-pravi-tom-kruz-59-za-da-bide-vo-top-forma-09.jpg

Диетата на Дејвид Бекам подразбира консумирање на чисти протеини, како месо од риба и пилешко месо, но со многу малку масти.

Во својата диета Бекам внесува маснотии само преку маслиново масло и јогурт, а неговата исхрана вклучува многу зеленчук.

nema-potreba-od-botoks-otkako-ja-drzhi-strogata-dieta-na-dejvid-bekam-shto-pravi-tom-kruz-59-za-da-bide-vo-top-forma-08.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Никогаш не е доцна: 6 познати актери кои се прославија дури по 50-тата година од животот На сите ни се чини дека Морган Фримен бил славен актер целиот негов живот, но то...
На 90 години позира гламурозно, Елвис го нарече „аматер во кревет“ – Која е скандалозната холивудска... Холивудската актерка Рита Морено на 90 години направи фотосесија и покажа дека с...
„Среќен сум што преживеав“ - Ештон Кучер не можел да слуша, гледа и оди заради ретко воспаление на к... Во епизода од шоуто на авантуристот Беар Грилс, Ештон Кучер откри дека пред окол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg