Том Круз мисли дека разводот на бившата Никол Кидман ѝ е карма: „Таа го исмеваше Том кога се разделија“
- Детали
- вторник, 18 ноември 2025
„Карма“ – кратко и јасно кажал Том Круз за разводот на бившата Никол Кидман од Кит Урбан, а извори велат: „Кога Том и Никол се разделија, тој ја презема вината, а таа симпатиите. Одеше по ТВ и го исмејуваше за висината, се правеше жртва, додека тој молчеше и примаше удари“.

По две децении љубов, во септември годинава, Никол Кидман и Кит Урбан се разделија.
Наводно Никол сакала да го спаси бракот, но Кит бил решен да замине, а изгледа како да имало многу знаци дека нивната љубов е осудена на пропаст иако беа заедно 20 години.

Сега за првпат оваа случка ја искоментирал и Том Круз, бившиот на Никол, со кого беше во брак oд 1990 до 2001 и со кого има две посвоени деца.

Светските медиуми пренесуваат дека коментарот на Том бил „карма“, за тоа како таа го третирала по нивната разделба.
„Кога Том и Никол се разделија, тој ја презема целата вина, а таа ги доби симпатиите. Тој беше опишан како лошиот дечко... и тоа го следеше со години.
Том беше повреден од начинот на кој Никол се справи со разделбата.
Таа одеше по телевизии, го исмејуваше за неговата висина, себеси се претставуваше како жртва, а тој остана тивок и ги примаше ударите“ – изјавил извор близок до Круз за International Business Times.

63-годишниот Том наводно си ја докажал својата поента, дека Никол ќе се раздели и од овој сопруг.

„Ги следи вестите за разводот и дел од него се чувствува лошо за неа, бидејќи знае колку ја боли.
Во исто време, исто така си дозволува да ужива и им вели на блиските дека кармата си ја врши својата работа.
Тој мислеше дека тие се исфорсиран пар, кој очигледно немаше многу заедничко уште од почетокот – и си докажа дека е во право“ – додава изворот.

Инаку, Том и Никол беа еден од најмоќните холивудски парови во 90-тите и ги шокираа сите со веста дека се разделуваат.
Се смета дека причината за нивната разделба е тоа што таа одбила да ја прифати неговата религија во скиентолошката црква.

Прочитајте и Том Круз не отишол на Оскарите за да не ја сретне Никол Кидман – што знаеме за нивниот бурен развод?
М. М. | Црнобело