Од бунтовник до најголем хуманитарец и мајка: Животната приказна на Анџелина Џоли

Глумицата минала низ трновит пат. Од животот во сиромаштија и семјство на разведени, до аноркесична манекенка. Денес е една од најпознатите и најдобро платените глумици. Мајка на 5 деца и сопруга на еден од најубавите мажи на светот.

od-buntovnik-do-najgolem-humanitarec-i-majka-zivotnata-prikazna-na-andzelina-dzoli-01.jpg

Анџелина е родена на почетокот на летото во 1975 година во семејство на музичар и глумица, Џон Војт и Маршелин Бертран. Уште кога имала една година нејзините се разведуваат и останува да живее со мајка и нејзиниот постар брат во Њујорк.

od-buntovnik-do-najgolem-humanitarec-i-majka-zivotnata-prikazna-na-andzelina-dzoli-1.jpg

Како малечка секогаш собирала и чувала змии у гуштери во својот дом. Покрај тоа била и дел од шенската банда именувана како Kissy Girls. За време на училишните одмори „ловеле“ момчиња и ги бакнувале се додека не почнат да вриштат. Бандата била растурена благодарение на разговорот на директорот на училиштето со родителите.

Била заљубена во господинот Спок од Стар Трек и редовно одела на проекциите на филмовите. Како што самата таа кажала, тој бил причината поради која уште од малечка сонувала да биде глумица.

od-buntovnik-do-najgolem-humanitarec-i-majka-zivotnata-prikazna-na-andzelina-dzoli-2.jpg

По разводот, мајка се откажува од нејзината кариера како глумица и биле принудени да живеат во скромни услови и со мали приходи. Анџелина секогаш била во износена облека. Нејзините соученици секогаш ја исмејувале за нејзиниот изглед. Била преслаба, носела наочари и маички по прерамки.

od-buntovnik-do-najgolem-humanitarec-i-majka-zivotnata-prikazna-na-andzelina-dzoli-3.jpg

На 11 годни се запишува во Ли Стразберг училиштето за глума, а на 15 години започнува со манекенството, иако ретко поминувала на кастинзите на модните дизајнери. Тоа навистина ја разочарало и престанала да оди и на часови. Тогаш посакала да стане гробар. Нејзиниот бунтовнички живот продолжил со облекување во црно, боење на косата во виолетова и рок концерти.

По две години го завршува средното образование и продолжува со манекенството. Овојпат со поголем успех. Сепак нејзината самодоверба останала да биде ниска и заопчнала со самоповредување. Како што вели: „Секогаш чував ножеви на дофат и поради некоја причина ритуалот на сечење ме правеше да се чувствувам жива. Јас сум била и секогаш ќе останам малата панкерка со тетоважи“.

od-buntovnik-do-najgolem-humanitarec-i-majka-zivotnata-prikazna-na-andzelina-dzoli-4.jpg

Надимакот Џоли и го даваат нејзините кумови. Таа денес го користи како свое презиме а на француски означува „згодна“.

Првите „улоги“ ги добива на спотот за „Stand by my woman “на нејзиниот средношколски колека Лени Кравиц и видео клипот на Ролинг Стоунс „Anybody seen my baby“. Сепак немала значајни улоги освен оние за испитите на нејзиниот постар брат. Џејмс бил секогаш покрај неа и бил нејзината најголема поддршка.

За него вели дека и носи среќа и во 2000 година на доделувањето на оскарите со страсниот бакнеж во усни и изјавата дека е многу заљубена во нејзиниот брат ги предизвикуваат објасвите за нивниот инцестуозен однос кои по два дена и двајцата ги демантираат.

od-buntovnik-do-najgolem-humanitarec-i-majka-zivotnata-prikazna-na-andzelina-dzoli-5.jpg

Првиот брак и се случува по филмот каде глуми хакерка која го спасува светот со Џон Милер.На свадбата носела црни кожни панталони и бела маица на која со сопствената крв го испишала името на нејзиниот сопруг. По 18 месеци се одвојуваат но таа за него вели: „Тоа е најдобриот маж кој може да го има една девојка, но ние бевме премлади. Секогаш ќе го сакам“.

По него доаѓа нејзината партнерка Џени Шимизи со која продолжила да се гледа и за време на вториот брак со Били Боб Тортон. Во 2003 се разведуваат. За тоа Џоли вели: „Одеднаш се променивме целосно, а да не беше бракот со него тогаш со сигурност ќе се земев со Џени“.

Во 2002 година го посвојува Медокс кој и бил причина плус за разводот со Тортом. „Не сакам да останам во брак без љубов. Лошиот брак не треба да се трпи, особено ако имате деца. Нема ништо полошо од тоа децата да гледаат како родителите се расправаат.“

Нејзиниот татко за тоа изјавил: „Нејзе и е потребна итна психијатарска помош. Лута само по најсиромашните краеви на светот.“. Тоа не ја спречило да продолжи со својата добротворна работа каде ја запознава и својата сродна душа Бред Пит кој поради неа се разведува од Џенифер Анистон.

Во јануари 2006 Анџелина потврдува дека е трудна. Денес за нејзиниот живот како мајка говори: „Понекогаш Бред го нарекувам мој партнер затоа што долго време е татко на моите деца. Ние двајца сме семејство, а децата ни се приоритет“.

Признава и дека најдобриот секс го имала со него за време на нејзината бременост.

od-buntovnik-do-najgolem-humanitarec-i-majka-zivotnata-prikazna-na-andzelina-dzoli-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg