Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ријана се отвори: Зошто му се вратив на Крис Браун откако физички ме нападна?

Во најновото интервју на Vanity Fair, Ријана меѓу другото се отвори на темата на која ретко зборува - бурното минато со Крис Браун.

rijana-se-otvori-zosto-mu-se-vrativ-na-kris-braun-otkako-fizicki-me-napadna-01.jpg

Таа конечно потврди дека 3 години откако Крис Браун физички ја малтретираше, решила да му прости и да му даде нова шанса. Но, и тој пат било залудно и неуспешно.

rijana-se-otvori-zosto-mu-se-vrativ-na-kris-braun-otkako-fizicki-me-napadna-02.jpg

„Јас бев таа девојка, девојката која чувствуваше болка во оваа врска, но можеби некои луѓе се создадени посилни од други. Можеби јас сум една од нив, создадена да се справам со глупост како оваа. Можеби јас сум личноста која е негов ангел чувар, која треба да биде таму кога тој не е доволно силен, кога тој е неразбран од светот, кога само му треба некој да го поттурне во вистинската насока и да ги каже вистинските зборови“, раскажа Ријана навраќајќи се на мислите кои ги имала во екот на љубовниот хаос.

И додека се обидувала да го промени, сфатила дека нивната врска нема да потрае.

„По некое време сфаќаш дека ти си својот единствен непријател. Ти можеби го сакаш најдоброто за него, но ако постојано го асоцираш на неговите падови, на неговите лоши моменти, тој несвесно ќе те потценува, знаејќи дека не го заслужуваш тоа што го добиваш. И ако во тие моменти издржиш, можеби се согласуваш со тоа дека го заслужуваш. Тоа е моментот кога јас си помислив ‘Ох, колку бев глупава што мислев дека сум создадена за ова’. Понекогаш едноставно мора да си заминете“.

Сега, како што раскажува Ријана тие немаат посебен контакт и поврзаност.

„Не го мразам. Ќе се грижам за него сè до денот додека не умрам. Не сме пријатели, но не сме ниту непријатели. Немаме некоја посебна поврзаност и врска моментално.“

Би можело да ве интересира:

Лиам Пејн остави милиони по смртта, но не и тестамент – кој ќе го наследи богатството? По трагичната смрт на Лиам Пејн, се дозна дека пејачот нема оставено тестамент з...
Славни личности кои не сакаат да се тетовираат (и зошто) На прашањето зошто нема тетоважи, Ким Кардашијан одговори: „Дали ти би ставила н...
Деми Мур е убавица на 61 година – ги засени и трите ќерки со својот изглед на премиера Деми Мур и на 61 година е вистинска убавица која зрачи со сексапил, а на последн...
„Не даваме милиони за ’богохулно“ шоу – Швајцарците од Базел на референдум заради Евровизија 2025 „Евровизија е шоу кое сè повеќе е насочено кон идеолошки провокации, кои јасно с...
„Не ја терав да имаме деца, не знам зошто лаже“: Џо Манганиело првпат прозборе за разводот со Софија... „Направи да изгледам како маж со средовечна криза кој ѝ дал ултиматум“ – една го...
Која е ќерката на Дензел Вашингтон, што привлече внимание со високата сопруга? Постарата ќерка на Дензел Вашингтон, 37-годишната Катја, е во брак со поранешна ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg